Демант во врска со написите во одредени портали под наслов “76 семејства неможат да добијат социјален стан заради блокадите на Ременски”

Во врска со со написите во одредени портали под наслов “76 семејства неможат да добијат социјален стан заради блокадите на Ременски” должни сме да реагираме на изнесените невистини од страна на порталот “Нетпрес”, а пренесени и од други портали и медиуми.

За да и појасниме на јавноста која што заслужува да ја знае вистината хронолшки ќе ги наведеме случувањата.

Имено, согласно со Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изграбда и одржување на станови во сопственост на Република Македонија (,,СЛ. Весник на РМ бр. 96/2009, 122/10 и 90/12), а во врска со Огласот за распределба на социјални станови во Општина Прилеп и посоченото лице сакаме да известиме за следното:

При увидот на целокупната документација на сите апликанти на јавниот оглас Комисијата за распределба на социјални станови во компјутерски софтвер изработен од страна на Министерството за транспорт и врски ги внесе сите податоци од апликантите. После внесувањето на потребните податоци за секој апликант самиот софтвер по специјална формула ја изработи Прелиминарната листа на добитници со вкупен број за секој апликант посебно.

На Прелиминарната  листа објавена на 2 февруари 2016 година која беше јавно објавена во просториите на Библиотеката во Прилеп посоченото лице беше рангирано меѓу првите добитни апликанти во категоријата ,,Деца без родители,,.

Комисијата за распределба на социјални станови согласно со Одлуката имаше обврска да направи увид на лице место кај сите апликанти на Прелиминарната листа и да изготви записник, а со тоа и конечна ранг листа.

Како министерство кое што се грижи за ранливите категории во државава и како дел од Комисијата цврсто стоиме на ставот дека ова лице доколку не ги исполнуваше условите во Одлуката немаше да се најде меѓу првите на прелиминарната листа. Од 14 рангирани во категоријата ,,деца без родители и родителска грижа,, лицето е рангирано на осмото место. Истовремено се прашуваме кому му одговара лице во социјален ризик (дете без родители и самохран родител) да биде исфрлено од прелиминарната листа и воедно злоупотребено на најдолен начин за лични интереси и препукувања со првиот човек на ова министерство.

Членовите номинирани од страна на Министерството за труд и социјална политика во оваа Комисија впрочем токму се таму заради стручно утврдување на состојбата со апликантите, а со самото и намалување на можните злоупотреби и манипулации. Во случај ако членовите сметаат дека е неправилно извршена распределбата имаат право и обврска да не се согласат и да не ја потпишат ранг листата.

Повикуваме да престане злоупотребата со ранливите категориии во државава и бараме објавување на демантот и извинување поради нарушениот углед на министерот за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }