Ибрахими: “На денот на трудот разговори за зголемување на минималната плата”  

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Свечената седница на ССМ која се одржа по повод 28 април-Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа и 1 мај- Денот на трудот.  При тоа тој подвлече дека во насока на подобрување на оваа значајна сфера од областа на трудот сите активности во рамки на политиките кои се развиваат се реализирани со активно вклучување на социјалните партнери со цел да се излезе во пресрет на нивните потреби.

“Во таа насока формирано е посебно советодавно тело, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, во кој активно со свои претставници учествуваат социјалните партнери. Понатаму истите учествуваат во работни групи вклучени во процесот на креирање на законски решенија од оваа област, како и во новоформираната посебна постојана Комисија за безбедност и здравје при работа во рамки на Економско-социјалниот совет се со цел да бидат опфатени сите фази од креирање и имплементација на политиките од оваа област со трипартитни консултации и да резултираат со поквалитетни решенија”, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Тој информираше дека во сферата на работничките права изминатиот период се бележи прогрес благодарение на дијалогот со социјалните партнери како и преку спроведувањето на социјалниот дијалог на сите нивоа и во различни форми.

“Заедно со социјалните партнери беа преземени најразлични активности со цел подобрување на климата на работните односи и воспоставување на поголема сигурност на работниците во остварувањето на нивните права од работен однос. Конкретни примери за ова се спроведувањето на големиот број на обуки за зајакнување на капацитетите на социјалните партнери, промоција и зајакнување на трипартитниот социјален дијалог преку институционално зајакнување на капацитетите на Економско-социјалниот совет, проширувањето на мрежата на локални Економско-социјални совети, како и воспоставување на механизам за мирно решавање на работни спорови, се со цел поголема вклученост на социјалните партнери во процесот на креирање и имплементација на политиките на Владата на Република Македонија”, информираше министерот за труд и социјална политика.

Пред почетокот на седницата во изјава за медиумите тој најави и разговори за зголемување на минималната плата.  

“Во наредните денови ќе имаме разговори околу зголемување на минималната плата. На 1 мај, во понеделник, заедно со претставниците на синдикатите ќе разговараме за зголемувањето на минималната плата, бидејќи има можности и простор тоа да се направи”, рече Ибрахими. 

Истакна дека Министерството заедно со синдикатите и во изминатиот период работеле на подобрување на правата на работниците и оти тоа ќе го прават и во иднина и дека верува дека добрата соработка, ќе продолжи и во иднина, бидејќи, како што рече, од заеднички интерес на сите, и на синдикатите и на работодавачите, е работниците да имаат што поголеми права и да уживаат поголеми благодети од нивната работа.

Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека централно место во одбележувањето, како што рече, на задоволство на сите синдикални партнери, е продолжувањето на разговорите за зголемување на минималната плата во РМ.

“На овој начин сакаме и практично да покажеме дека иако е 1 мај ние работно ќе го прославуваме. За нас е битно да покажеме и да реализираме резултати како што тоа го правевме сите овие години”, рече Митревски.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }