Царовска:Овозможуваме раст на платите во Македонија

„Овозможуваме раст на платите на вработените во Македонија, со тоа што со најновите измени и дополнувања на Законот за минимална плата ја засилуваме поддршката фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците“. Ова го рече министерката Мила Царовска, која денеска се сретна со менаџментот и вработените на текстилната фабрика „Голден Текст“ во Кочани. Целта на посетата беше да ги запознае со најновите мерки кои ги обезбеди државата за раст на платите.

„Со законските измени се предвидува работодавците што ќе им ја покачат минималната плата на вработените да добијат државна помош за зголемувањето на платите. Финансиската поддршка  по работник изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно“, изјави Царовска по средбата во фабриката.

Оваа мерка освен што обезбедува повисоки плати за работниците, истовремено е и одговор на барањето на работодавците за адресираниот проблем за т.н. уравниловка. Според работодавцие има потреба од  раст и на преостанатите плати блиски со минималната плата, за да не ги изгубат или демотивираат попродуктивните работници.

Со финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во трудоинтензивните сектори што позитивно  ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците. Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Финансиската поддршка ќе се исплаќа за периодот јули 2018 година-декември 2019 година.

Растот на платите во Македонија е една од главните определби на Владата за што веќе се спроведуваат и низа други активни мерки.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }