Писмена наредба на министерката Ташевска-Ременски: Итно да запрат изготвувањата на решенијата поврзани со правата од социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски упати писмена наредба до дректорите на Меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирење на изготвувањето на секаков вид на решенија поврзани со правата од социјалната заштита. 

Се наредува од денеска до 12.12.2016 година, да запре:

  • изготвувањето на решенија на сите наменски нерешени предмети за право на помош и нега од друго лице по кои не сте постапувало во изминатиот период;
  • да запрат сите теренски активности и посети во домови од страна на директори или вработени во центрите за социјална работа; да запре фиктивното издавање на решенија за право од социјална заштита на корисници кои немаат поднесено барање во центарот, бидејќи е казниво со закон;
  • Да запре политичкото координирањето на работното место за службени работи и лични податоци за корисниците, помеѓу директор и лица кои имаат партиски ангажман во политички партии, бидејќи е казниво со закон;
  • Да запре користењето на службените евиденции и бази на податоци на центрите за социјални работи во партиски цели, бидејќи е казниво со закон;
  • Да запре користењето на службените возила и службени простории на јавната установа од страна на директорите надвор од работното време;
  • Да запре телефонската и секаква друга комуникација на директор/службено лице од центарот со корисници на право од социјална заштита во неслужбено својство;

Исто така, министерката Ташевска-Ременски побара од Центрите за социјална работа итно да достават информации за бројот на изготвени решенија од социјална заштита (посебно по право) за период од 05.11 – 05-12. и строго да се придржуваат кон писмената инструкција за обнова на правата од социјална и детска заштита од 19.12.2016 до 27.01.2017 година и точно да ги информирате корисниците;               

Писмената наредба е врз основа на  член 49 став 1 и член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник  на РМ бр. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011),  како и врз основа на законските основи за забрана на вршење на одредени активности во предизборен период (член 8-а од Изборниот законик, член 10, 11, 12, 13, 14 од Законот за спречување на корупцијата и казнено-правните одредби од Кривичниот законик на РМ), и во врсска со Писмената наредба од министерот за труд и социјална политика бр. 02-7841/1 од 27.10.2016 година, која како одговорни лица на јавните установи за социјална заштита и сите вработени ја потпишавте лично, укажувам на следното:

Министерството за труд и социјална политика посочува дека од повеќе извори на информации поседува докази (документи и друг вид на материјали) со кои се потврдува прекршувањето на законски утврдените забрани и наредби од министерот. Станува збор за сериозни злоупотреби на службената положба и овластување од страна на директори и вработени (со име и презиме) во Центрите за социјални работи: 

  • Партиска агитација помеѓу корисници на социјална помош, 
  • Давање на ветување за позитивен исход за предмети што ги води центарот,
  • Заплашување со укинување на право од социјална заштита, 
  • Подготвување на фиктивни решенија за право на помош и нега од друго лице,
  • Засилена динамика на изготвување на решенија за право на помош и нега од друго лице кое не соодветствува со бројот на решени предмети од страна на Комсијата, бројка со која располага МТСП,
  • Јавување по телефон од страна на вработени и директори на центри за социјални работи кај корисници на право од социјална заштита и нивни блиски роднини во партиски цели,• предизборни ветувања и несоодветна улога заради правото за гласање во домашни услови,
  • Злоупотреба на ресурси на јавните установи спротивно на забраите во писмената наредба, 
  • Злоупотреба на податоци на корисниците на социјална помош во патиски цели, злоупотреба на боледувања и др.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во форма на соодветни пријави горенаведените информации со доказите, веќе се процесуирани до надлежни органи за понатамошно кривично и правно процесуирање. Сите докази и материјали, пак, со фиктивно издадените решенија за право на помош и нега од друго лице ќе бидат процесуирани до надлежен орган кој веќе води истрага за исто постапување во претходни изборни циклуси.

На крајот од писмената наредба министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски потсетува дека, обврската за законито работење на одговорните лица на јавните установи од член 105 на Законот за социјална заштита и правото на министерот да постапува по основаните пријави за незаконито постапување не се исклучени со Мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата и нема да се толкува како кадрово прашање поврзано со изборите, согласно Законот за Владата на РМ. 

Оваа наредба важи за директорите на јавните установи и вработените во центрите за социјални работи и непочитувањето на обврските и забраните од оваа наредба повлекува одговорност од член 106 од Законот за социјална заштита и кривично-правна одговорност согласно со Кривичниот законик за дела против слободата на избори.

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјлана политика                                        

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }