Комплетно реновиран Центарот за социјална работа во Ресен 


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети комплетно реновираниот Центар за социјална работа во Ресен. Имено, реновирањето и адаптацијата на просториите во ЦСР Ресен е проект којшто го реализираат Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка и има за цел подобрување на просторните и техничко- технолошки условите за работа на вработените од државната управа, во својство на квалитетен сервис на граѓаните. 



ЦСР Ресен се состои од приземје и кат и има површина од 322 м/2, 11 канцеларии, шалтер сала, гаража, чајна кујна и санитарии. Покрај комплетното реновирање на сите внатрешни простории на фасадните ѕидови поставена е термоизолациона фасада.

Цената на чинење на градежните работи изнесуваше  4,999 070.00 денари, а средствата се обезбедени од кредит на Светска Банка. 

Исто така, во тек се и реновирањата на центрите за социјална работа во Пробиштип, Струмица и Свети Николе со вкупна вредност од околу 15 милини денари.

Министерството за труд и социјална политика започна и тендерска постапка за центрите за социјална работа во: Охрид, Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар, Гевгелија и Штип. Во тек е избор на изведувач. 

Исто така, со средства од ИПА фондовите ќе бидат реновирани уште 18 Центри за социјална работа заедно со дневните центри кои се во рамките на тие 18 центри.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }