Запленета стока за социјално ранливите категории 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов,  директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Башким Амети,  на прес конференција за медиумите информираа за распределбата на бесплатно отстапена стока која е запленета во Република  Македонија на граничните премини и истата ќе биде донирана на социјално ранливите категории на граѓани.


„Министерството за труд и социјална политика подигна околу  76000 парчиња на разновидна стока, од кои 4000 парчиња текстил, 5000 парчиња обувки и над 60000 разновидна друга стока односно прибор и опрема за домаќинство која ќе биде дистрибуирана и донирана преку Центрите за социјална работа до крајните корисници, односно до граѓаните во социјален ризик.

Центрите за социјална работа ја имаат обврската да ги известат корисниците дека треба да поднесат барање за добивање помош во овој вид за членовите на нивните семејства, при тоа земајќи ги  в предвид идентификационите податоци за членови на домаќинството или семејството, бројот на членови, како и податоци за условите за живеење“, рече Спасов.

Тој потенцираше дека  граѓаните ќе можат од 4 јануари заклучно до 10 јануари 2014 година да ги добијат овие донации.

За бесплатно распределената и отстапена стока ќе се води точна евиденција која центрите за социјална работа ќе ја доставуваат до министерството, каде ќе се содржат податоци за крајните корисници и количината и основот врз кој е  направена распределбата и донацијата.

„Оваа акција во која учествуваат трите институции продолжува засилено и во наредниот период, при што се планира доделување на дополнителна роба. Знаеме дека предизвиците од социјален  карактер не се решаваат одеднаш, туку потребни се систем на мерки и иницијатива, наша посебна цел е да покажеме дека државата посветува должно внимание и конкретна помош на сите граѓани од социјален ризик“, заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }