Ташевска-Ременски, оствари средба со висока делегација на Меѓународниот монетарен фонд

На 27.1.2016 год. (среда), министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски, оствари средба со висока делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Делегацијата ја сочинуваа г-ѓа Џесмин Рахман, шеф на мисијата на ММФ, г. Патрик Гитон, резидентен претставник на ММФ за Македонија, г.  Јерон Клик, советник во канцеларијата на Извршниот директор на ММФ, г. Хуа Чаи, член на мисијата на ММФ, г-ѓа Содсривибун Пјапорн, член на мисијата на ММФ и г. Ѓорѓи Нацевски, економист во Канцеларијата на ММФ во Македонија.

Делегацијата пројави интерес за пензиското осигурување, пазарот на труд, невработеноста и актуелните случувања со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Министерката зборуваше и за проектите кои се поддржани од Светската банка и УНДП. Делегацијата особено се интересираше за соработката со Министерството за труд и социјална политика и нотираше потреба од континуирано следење на состојбите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување согласно со извештаите на Светска банка.  Извештаите на Светска банка на долг рок се потребни за реформи за обезбедување финансиска стабилност и одржливост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }