Прва група на деца од социјално ранливи категории  заминаа на бесплатен одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја испрати првата група на деца  коишто ќе ја  користат бесплатната услуга  за одмор и рекреација  на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2014 година. Спасов истакна дека преку проектот на МТСП, којшто веќе трета  година се реализира, по 3.000 дечиња од социјално ранливи категории заминуваат на одмор, од кои 2.000 на летување и 1.000 на зимување.

Тој посочи дека преку овој проект  им се помогна  на родителите кои се во потешка состојба. Особено е важно дека на децата од социјално ранливи категории, деца без родители и родителска грижа, деца со пречки во развојот им се овозможува бесплатен летен одмор, незаборавни денови со радост и смеа, исполнети со најразлични културни, едукативни и забавни  содржини и активности.

Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.

Проектот ќе заврши кон крајот на месец август.

Со оглед на позитивните ефекти од  проектот, истиот ќе продолжи да се реализира и  наредните години, секоја зима и  лето.

 За дечињата оваа година ќе се грижат 50 волонтери.

 Генералниот секретар на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, истакна дека станува збор за волонтери од различни возрасни групи коишто ќе се грижат за децата и ќе го организираат нивниот културно-забавен живот.

 Таа посочи дека оваа година во целиот проект ќе се вклучи и Центарот за безбедност, кој ќе им овозможи на децата часови по пливање, а ќе има и дополнителна спортска опрема и дечињата ќе може да спортуваат.

 Министерството за труд и социјална политика за проектот годишно издвојува по 12 милиони денари.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }