Исплатена постојана парична помош зголемена за 5 проценти

На околу 6.000 приматели, вчера им беше исплатена постојана парична помош вчера со ветеното зголемување од пет проценти. За ова денес информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

“Минатата недела извршивме реализација на зголемувањето на социјалната парична помош, како што најавивме во текот на вчерашниот ден беше исплатена постојаната парична помош зголемена за 5 проценти. Оваа постојана парична помош е за материјално необезбедените работно неспособни граѓани кои што се со потешка инвалидност. Околу 6.000 веќе добија на своите сметки зголемена постојана парична помош. За реализација на ова ветување на Владата на Република Македонија за овој проект се издвјуваат околу 17 милиони денари дополнително за реализација на ова зголемување од 5 проценти”, информира Спасов.

Постојаната парична помош, иформира Спасов, во изминатите години е зголемена за 68,5 проценти, што е огромно зголемување. 

“Од околу 3.000 денари колку што изнесуваше постојаната парична помош во 2006-тата, денес изнесува околу 6.200 денари што е значајно зголемување за оние категории граѓани што се наоѓаат во социјален ризик”, рече министерот Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }