Се зголемува интересот за отворање приватни старски домови: Отворен нов дом во Кисела Вода

Нов дом за згрижување стари лица од денеска почнува со работа во скопската населба Пржино. Домот има капацитет да згрижи над 40 стари лица и ќе отвори нови 15 работни места. Тој е 20-ти по ред отворен приватен дом, и втор во текот на овој месец.

"Интересот за отворање домови за стари лица се зголемува и интензивира како резултат на поволностите што ги воведе Владата. Се поголем број луѓе се решаваат да инвестираат во оваа дејност и да отворат приватни домови за стари лица. Овој дом ќе обезбеди згрижување на 40 лица и ќе отвори 10 до 15 работни места", рече на отворањето на домот министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додаде дека поволностите што ги вовела Владата поттикнале интерес кај многу домашни и странски инвеститори.

"Во моментов има седум инвеститори кои се во постапка на отворање домови за стари лица. Очекувам мерките што ги воведовме да влијаат на подигнување на интересот бидејќи за тоа во оваа дејност има простор и очекувам таа и натаму да се развива", истакна Спасов.

Со нејзин развој, смета тој, освен што се обезбедува дополнителен капацитет за старите лица и позитивна конкуренција, се отвораат и нови работни места.Инвеститорот и сопственик на новиот дом „Сонце“ Петар Старделов истакна дека овој проект го реализирале многу брзо и успешно благодарение на Владата и на огромната поддршка на МТСП.

"Во последно време се зголемува потребата за воведување повисоки норми и стандарди. Затоа го реализиравме проектот кој е алтернатива на старските домови со цел да обезбедиме услови за поквалитетен живот во кој старите лица ќе добијат грижа во одлични услови и простор", рече Старделов.

Информира дека објектот има над 20 апармани за сместување над 40 лица. Има, рече, простор од над 2.000 квадрати во кој ќе можат да ги поминуваат слободните активности со своите семејства.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски смета дека со отворањето приватни старски домови почнува да се решава проблемот за згрижување пензионери и стари лица, бидејќи, како што рече, во моментов има недостаток на легла.

"Благодарение на акцијата на Владата и МТСП и бенефициите што ги даваат за инвеститорите кои сакаат да отворат старски домови овој проблем почнува да се решава", рече Аргировски.Потенцира дека со отворањето нови капацитети не само што се решава проблемот со недостигот на згрижувачки капацитети, туку и се зголемува конкуренцијата, која како што рече, придонесува за намалување на цените на сместувањето и згрижувањето за старите лица.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }