36 лица со телесна попреченост добија ортопедски помагала

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на доделувањето на ортопетски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми. Помагалата се обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Македонија, со средства од МТСП кои се доделени на Сојузот согласно програмата за работа и одобрениот финансисики план за 2018 година. Вкупната сума потрошена за ортопедски помагала изнесува 1,6 милиони денари.

„Навистина ми е драго што денеска 36 лица со потешка телесна попреченост ги добиваат помагалата коишто им се потребни. Министерството за труд и социјална политика прави напори со обезбедувањето на средства потребни за функционирањето на националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија - Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска. 

Истовремено МТСП со најновите измени на Законот за социјална заштита значително ги унапредува правата на лицата со попречености со тоа што воведува две нови услуги, домашна нега и лична асистенција.

Бранимир Јовановски од Мобилност- Македонија вели дека согласно Програмата за работа Сојузот обезбедува соодветна парична помош на членовите во случаи кога треба да платат или партиципираат за користење на неопходни здравствени услуги или набавка на помагала, а во границите на финансиските можности на сојузот, како и во склад со актите на сојузот и за оваа намена се на располагање 271.890,00 денари, кои се префрлени на 16 општински здруженија-членки на сојузот.  

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }