Социјалните работници ќе добиваат плата повисока за 4.316 денари

Денеска во Клуб на пратеници министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со вработените од областа на социјалната заштита.

„Посебно се радувам што конечно после многу години имаме драстично зголемување на платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита. Почнувајќи од јунската плата која што е исплатена сега во јули во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22%, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен“, изјави Царвоска.

Со зголемувањето самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето платата расте од  23.196 на 27.512 денари. Со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж платата за ова звање изнесува 29,575 денари.

„Лично сметам дека овој кадар треба да е мотивиран посветено и професионално да си ја врши работата, бидејќи е клучен за имплементацијата на социјалната реформа којашто ја стартувавме неодамна. Ова се луѓето кои директно работат со лицата во социјален ризик и на нивно извлекување од сиромаштија и заслужуваат вреднување на нивниот труд и посветеност“, додаде Царовска.

Платите на вработените во Центрите за социјални работи и другите социјални установи ќе продолжат да се зголемуваат. Во септември на овие 22% ќе има и дополнително зголемување од 5%, со што платите во социјалната дејност ќе пораснат за 27 %. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5%. 

Вработените велат дека со примената на даватели на услуги, социјалните работници и останатиот стручен кадар се ставени навистина таму каде што треба да им биде местото.

Директорот на Центарот за социјални работи од Струмица Зоран Манев кој зборуваше од име на сите вработени рече дека во дејноста социјална заштита за прв пат се воведува и систем на работни места, но и систем на плати за директорите/ките на Центрите и установите според бројот на жители во општините /корисниците на услугите.

“Ова ќе значи дополнителна мотивација сите вработени да напредуваат во професијата и одговорно да си ја извршуваат работата”, рече Манев.

Министерството за труд и социјална продолжува посветено да работи на унапредување на социјалната заштита и враќање на достоинството на професијата социјален работник и на останатите даватели на услуги кои работат во секторот.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }