Започнување на втората фаза на регионалниот проект “Родово одговорни политики и буџети во Југоисточна Европа” 

Денеска, заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими, говореше на воведениот настан за започнувањето на втората фаза на регионалниот проект “Родово одговорни политики и буџети во Југоисточна Европа” со кој се продолжува континуирано да се работи на унапредувањето на еднаквите можности  на централно и локално ниво.

Заменикот министер, имајќи ги во предвид ефектите од светската финансиска и економска криза врз европските општества, вклучувајќи ја и Република Македонија, како и податоците од согледувањата на Совет на Европа и на Обединетите Нации, констатира дека во оваа ситуација жените се непропорционално повеќе засегнати/афектирани од кризата.

„Во тој контекст, знаејќи дека борбата против нееднаквоста и на овој план е поделотворна доколку се применува родово одговорно буџетирање, активностите коишто ќе се спроведуваат и во рамките на оваа фаза од овој регионален проект секако ќе бидат насочени и кон остварување на принципот на родовата еднаквост во примената на светските мерки за економски развој, зголемена вработеност и воспоставување на еднакви можности за сите граѓани.

Владата на Република Македонија, преку Министерството за труд и социјална политика посветувајќи се на овој концепт покажува политичка волја и подготвеност за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности. Она што би сакал да подвлечам е дека прашањето на рамноправноста  и вклучување на родовите перспективи во главните текови не претставува само прашање на социјална правда, туку е исклучително значајно прашање во справувањето со сиромаштијата и невработеноста, обезбедувањето на еднакви можности и квалитетен живот за сите.„

Заменикот министер истакна дека во рамки на проектните активности за  2011/2013 година започнат е процесот на  внесување на родовата перспектива во буџетските политики на национално ниво, што треба да доведе до правилно и родово одговорно алоцирање на средства, како и подобра транспарентност и одговорност на владиниот буџет од аспект на родовата еднаквост. 

„Резултат на овие активности  беше подготвена и усвоена од страна на Владата на Републиока Македонија Стратегија за родово одговорно буџетирање како стратешки документ од областа на родовата еднаквост, односно, алатка за постигнување на родова еднаквост и подобрување на положбата на жените. Стратегијата е преведена на албански и на англиски јазик и истата е  публикувана. Во рамки на оваа фаза беше изработена и публикувана и Анализа на буџетскиот процес и реформите во буџетските политики од аспект на родовата рамноправност„ потенцираше заменикот министер. 

Заменикот министер Ибрахими, потсети дека по шест години од започнувањето со активности за родово одговорно буџетирање Република Македонија е прва земја во Југоисточна Европа која што законски го регулираше ова прашање, но, исто така и ефективно го спроведува во рамките на своите политики. 

„Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика како одговорно министерство ќе настојува и преку акцентирање на родовото одговорно буџетирање да ги преточи во практика обврските од Законот за еднакви можности на жените и мажите од 2013 година, но и  директивите на ЕУ  како значаен сегмент во унапредувањето на демократијата и човековите права„ рече заменикот министер Ибрахим Ибрахими.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }