Најавени 20 илјади работни места со „Македонија вработува 2

Нови 15 илјади до 20 илјади работни места очекува Владата со продолжување на проектот „Македонија вработува“, чија втора фаза треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“, денеска на владина седница се усвоени измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување  и за здравствено осигурување.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Владата рече дека со спроведувањето на проектот во тек на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата. „Македонија вработува“, рече Пешевски, се покажа како најуспешен проект за намалување на невработеноста. За една година од неговото спроведување во над десет илјади компании се вработени 19 илјади лица од различни категории кои подолг временски период бараа работа. Таа бројка, нагласи вицепремиерот, одговара со отворање на 12 компании со по 1.600 нови работни места, по една во секој  месец од спроведувањето на проектот.

"За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста и отворање нови работни места” рече Пешевски. Со предложените законски измени, што наскоро треба да ги разгледа Економско-социјалниот совет и Собранието на РМ, се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.

 Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов „Македонија вработува“ бил голема поддршка за 10.138 компании, а најмногу им помогнал на микро и малите компании кои ќе ја придвижат економијата напред.

“На барање на бизнис заедницата и поаѓајќи од начелото дека борбата за нови работни места треба да продолжи ќе продолжиме да им помагаме на младите луѓе да дојдат до своето прво работно место и да создадат предуслови за создавање семеен живот, но и на оние кои долго чекаат работа, како и на повозрасните категории граѓани кои многу потешко стапуваат на пазарот на трудот и кои пред почнувањето на проектот „Македонија вработува“ не беа конкурентни, а сега се. Од особено значење е вработувањето на социјално ранливите категории кои ќе може да живеат од сопствениот труд што им го нуди проектот „Македонија вработува“ како огромна шанса” рече Спасов.

Првата категорија, што ќе може да го користи проектот, се невработени млади до 35 години за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години. Пред вработувањето не треба да имаат заснован работен однос најмалку три месеци, a работодавачот е должен да ги задржи на работа  уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.

Втората категорија се долгорочно невработени од 35 до 50 години за кои има ослободување од придонеси пет години.Услов е лицето во последните 15 години да било најмногу пет години во работен однос и најмалку три месеци пред вработувањето да немало заснован работен однос согласно со мерката. Работодавачот е должен да го задржи лицето  уште најмалку 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси или вкупно најмалку 6 години.

Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци. И за нив има услов најмалку три месеци пред вработувањето да немаат заснован работен однос.

Четвртата категорија се невработени над 58 години, во последните две години без вработување. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси до остварување на правото на старосна пензија.

Петтата категорија, пак, се невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници). Ослободувањето од плаќање на придонеси ќе биде пет години, а не треба да бидат во работен однос три месеци 60 месеци пред вработувањето.

Поволностите од проектот, како што појасни министерот Спасов, ќе може да ги искористат фирми кои редовно плаќаат даноци, плати и придонеси за вработените. Невработеното лице кое работодавачот ќе сака да го вработи во последните две години не треба да било претходно вработено кај  работодавач кој ќе ја користи мерката за ослободување од плаќање социјални придонеси и персонален данок на доход или кај  работодавач кој има сопственичка, организациска и управувачка поврзаност со работодавачот што ја користи мерката. Воедно, наведе Спасов, не треба да го намали бројот на вработени  сметано од 15 мај годинава до денот на вработување на нови работници освен во случај на смрт или пензионирање. Доколку работодавачот го зголеми бројот на вработени сметано од 15 мај годинава до денот на вработување на нови работници не треба да го намали вкупниот број на вработени до денот на вработувањето на нови работници и да нема неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }