Ташевска-Ременски: Нека престанат манипулациите со лицата рангирани за добивање на социјален стан во Прилеп

Почитувани,                       

Во врска со повеќедневните дезинформации и невистините коишто се шират на одредени медиуми поврзани со протестот на изманипулираните лица кои се рангирани за добивање на социјален стан во Прилеп, а во интерес на вистината, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека овие лица вистината за тоа зошто се уште не можат да си ги добијат становите треба да ја побараат од друго Министерство, Министерството за транспорт и врски, кое непочитувајќи ја процедурата си зеде за право да создаде хаос и да ја одолговлечи постапката.               

Имено, врз основа на член 57 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (,, Сл. Весник  на РМ,, бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11)  и член 18 од Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени  по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (,, Сл. Весник  на РМ,, бр. 96/2009, 122/10 и 90/12), министерот за транспорт и врски донесе решение бр.02-17849/1 од 16.12.2015 година за формирање на Комисија за распределба на станови по Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија.

Согласно ова, формираната Комисија имаше за цел во транспарентна постапка да ја реализира распределбата на 76 станови во Прилеп. Комисијата за распределба на социјални станови требаше да  донесе конечна заедничка одлука, но членовите од Комисијата предложени од Министерството за транспорт и врски  самостојно без учество на преставниците на Комисијата предложени од Министерсвото за труд и социјална политика  ги изготвија Записниците и  Конечна ранг листа за распределба на 76 станови во Прилеп што е спротивно на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија.             

Министерството за труд и социјална политика, како надлежно Министерство кое се грижи за сите ранливи категории, во име на професионалноста и одговорноста што ја имаме како институција и стручноста на нашите државни службеници, а заради интересот на нашите граѓани со допис  доставен до министерот за транспорт и врски г.  Владо Мисајловски на 3.5.2016 година, побаравме  најитно да се надмине овој пропуст со професионално и стручно решение и еднакво учество и еднаква одговорност на сите членови во оваа комисија. Нагласуваме дека, не станува збор за никакво влијание врз членовите од МТСП во Комисијата, туку барање за почитување на утврдените процедури и правила на одлучување. До денес Министерството за транспорт и врски не најде за потребно да пристапи кон решавање на проблемот што сами го создадоа. Наместо тоа, структури од Министерството се одлучија да ја префрлат вината на погрешна адреса и да манипулираат со граѓаните.             

Искрено жалиме што Министерството за транспорт и врски наместо да преземе одговорност за надминување на проблемот упорно манипулира со лицата кои се рангирани за добивање на социјален стан.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }