Демант во врска со написите во одредени медиуми по повод протестот на Ромите пред Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика искрено жали за грубата манипулација со луѓето кои денеска протестираа пред Министерството и злоупотребата на Ромите во Република Македонија.

Очигледна е манипулацијата на Јавното комунално претпријатие од Гевгелија и градоначалникот на Oпштина Гевгелија  кое ги ангажирале овие луѓе, без никаков Договор за ангажирање со кои се уредуваат нивните права и обврски додека биле ангажирани во Прифатниот транизтен cентар “Винојуг”. Локалните власти од Гевгелија не одговараат на повиците за средба во Министерството за труд и социјална политика, а Јавното комунално претпријатие одбива да го потпише Договорот за деловна соработка со Министерството за труд и социјална политика со кој ќе обезбеди финансиски надомест за претпријатието согласно соДдоговорот со донаторот.

Избегнувајќи ја одговорноста за нивниот несериозен однос кон настанатите состојби со бегалската криза и потребата од вонредни ангажмани на институциите, локалните власти под партиска директива проблемот што го создадоа го префрлија на Министерството за труд и социјална политика.

Во интерес на решавање на проблемот, на денешната двочасовна средба со претставниците на штрајкувачите и министерката за труд и социјална политика, беа донесени неколку заклучоци кои се спротивни на изјавите објавени во медиумите од страна на претставниците. Беше договорено ангажирање на хигиеничари за кои има позитивна оценка за досегашното работење, а за останатите кои нема да бидат ангажирани во ПТЦ “Винојуг”,  Јавното комунално претпријатие да побара ангажман преку Проектот за општокорисна работа на барање на Општината Гевгелија. Претставниците на хигиеничарите истакнаа дека иако до сега не барале прием од локалните власти кои работно ги ангажирале, ќе побараат прием и кај градоначалникот на Гевгелија и кај директорката на Јавното комунално претпријатие.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }