Ташевска-Ременски: Исправени сме пред предизвикот за преземање и на нови мерки и активности за поголема видливост на родовата еднаквост 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на конференцијата организирана во рамки на проектот “ЕУ застапување” која беше на тема “ЕУ застапување во Македонија: Процесот на приспособување кон ЕУ од родова перспектива”. 

Министерката ја искористи приликата за да  посочи дека во Република Македонија постои законска регулатива и  стратешки документи кои се однесуваат на родовата еднаквост и унапредувањето на положбата на жената во сите сфери на општественото живеење. Воспоставени се институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост на национално и на локално ниво и се очекува реална имплементација на можностите за вистинска примена на правата.

“Меѓутоа, во периодот пред нас исправени сме пред предизвикот за преземање и на нови мерки и активности за поголема видливост на родовата еднаквост и препознавање на жената како рамноправен партнер во креирање и имплементирање на политиките на сите нивоа на одлучување. Дотолку повеќе што, Република Македонија се бори да ја зачува препораката за отпочнување на преговорите со ЕУ и добивање на датум за преговори во кој не треба да биде заборавена улогата на жените и нивното активно учество, имајќи во предвид дека областите за човековите права и недискриминацијата, се круцијални предуслови за отпочнување на преговорите”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Таа потсети дека проекциите од неодамна одржаниот форум во Брисел за иднината на родовата еднаквост во ЕУ покажале дека доколку работите се движат со постојното темпо, ќе бидат потребни над 20 години да се постигне родовата еднаквост во националните парламенти и управните бордови во најголемите компании, речиси 30 за постигнување 75 процентна вработеност на жените во ЕУ, над 40 години домашните обврски да се поделат меѓу мажите и жените, а над 70 да се изедначат нивните плати. 

“Овие проекции се вистински предизвик за дефинирање на нови идеи и активности за надминување на разликите во платите, постигнување поголема вработеност на пазар на трудот, пензиите, борбата против сите видови на насилство над жените  како и решавање на новите предизвици на полето на родовата еднаквост”, потенцираше Ташевска-Ременски. 

На конференијата се обрати и постојаната координаторка на ОН во Македонија Луиза Винтон која рече дека и натаму се соочуваме со разлика во нормативната односно правната еднаквост и реалната ситуација.“Ова е најчесто главниот предизвик. Наскоро ќе има 10 годишнина од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите, но оваа земја и натаму се соочува со многу предизвици. Жените се платени помалку од 18 до 19 проценти за работење истата работа, работат многу повеќе неплатена работа домашна работа, само 45 отсто се активни на пазар на труд, само 16 отсто имаат имот на свое име, а една од три жени се смета за жртва на родово базирано насилство” рече Винтон.

Амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон кој исто така се обрати на присутните на конференцијата  смета дека жените и мажите треба да имаат иста моќ да го обликуваат и општеството и сопствените животи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }