Ибрахими во посета на битолската фирма корисник на повеќе мерки за вработување "ISOURCE"

Минстерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и директорот на Агецијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски ја посетија фирмата “ISOURCE” ДОО од Битола која што се занимава со трговија на мало со компјутери, софтвери и сл., и е корисник на повеќе мерки за вработување и притоа го промовираа отпочнувањето на реализацијата на мерката “Обука за општи вештини, односно обука за основни компјутерски вештини и за странски јазици”.

"Во посета сме на компанијата ISOURCE во Битола која што покажува одлични резултати во делот на искористеноста во политиките на владата, но исто така во делот на оние политики кои што се креирани во зголемување на бизнисот за кој што исто има одлични резултати. Во досегашниот период за основни компијутерски вештини се искористени 2.970 лица додека за странските јазици околу 5.505 лица. Тоа зборува дека има интерес", изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими

Целта на Обуките за основни компјутерски вештини е 1000 евидентирани невработени лица – активни баратели на работа, особено возрасната група на лица до 29 години, да се здобијат со основни компјутерски вештини односно дигитална писменост, заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот.

Спроведувањето на oбуките за основни компјутерски вештини ќе биде насочено кон клучните апликации кои ги покриваат вештините за обработка на текстови (MS Word), вештините за работа со табели и пресметки (MS Excel), вештините за работа со програми за презентација (MS Power Point), вештините за работа со дата бази на податоци (MS Access) и вештините за работа на интернет и електронска пошта (Internet и MS Outlook), информираше при посетата министерот за труд и социјала политика Ибрахим Ибрахими.

Ваков тип на обуки,се организираат од 2010 година, при што досега се опфатени вкупно 2,970 лица.

Министерот Ибрахими ја промовираше и мерката Обука за основни вештини за странски јазици со која се планира опфат на 1000 невработени лица, особено возрасната група на лица до 29 години, да се здобијат со знаење на странски јазици, заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот. Спроведувањето на oбуките за странски јазици ќе биде насочено кон курсевите (степените) кои ги покриваат нивоата на Европската јазична рамка на Советот на Европа, за еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Право на учество во програмата имаат невработени лица евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа со завршено минимум средно образование, а досега ваков тип на обуки Агенцијата за вработување организира од 2010 година, при што до сега се опфатени вкупно 5,505 лица.

По стекнувањето на основните вештини, поквалитетните можат да аплицираат на огласите за изучување на понапредните вештини. Од Агенцијата за вработување велат дека овие кадри полесно доаѓаат до вработување.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информираше дека само за последните две години од илјада лица што ги поминале основните компјутерски вештина близу половината нашле работа. Сличен е соодносот кога се во прашање и странските јазици.

Потенцијалите на овие професии се големи и кај домашните и кај странските инвеститори и се очекува тие да бидат еден од главните адути во борбата за намалување на невработеноста.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }