МТСП: Отворена првата градинка во општина Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане за прв пат доби објект за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Наменски адаптираниот простор се наоѓа во рамки на подрачното училиште во Младо Нагоричане, со површина од 91,7м2 и посебен влез. За градежно-занаетчиските работи и опремувањето МТСП обезбеди средства во износ од 3.001.780 денари. Отворањето на оваа градинка е резултат на меѓуопштинската соработка на локалните самоуправи на Куманово и Старо Нагоричане и таа ќе функционира во рамки на ЈОГД ,,Ангел Шајче’’- Куманово.

Министерката Царовска изрази задоволство поради реализација на напорите да се отворат градинки и во места каде што никогаш немало, а особено во рурални средини, кои беа неоправдано запоставувани во минатото. На овој начин, не само што се овозможува подобар раст и развој на децата, туку се поддржуваат и родителите, особено жените од овие средини, кои многу често се спречени да се вклучат на пазарот на труд, токму поради немање поддршка во грижата за децата.

На отворањето на градинката присуствуваа и вицепремиерот Оливер Спасовски, градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Владата на Република Македонија е посветена на континуирано зголемување на просторните и кадровските капацитети на детските градинки во земјава, преку изградба или адаптација на простор, обезбедување согласности за вработувања и подобрување на квалитетот на програмите. Целта е вклучување во системот на детска заштита на што поголем број деца, кои досега немаа можност да посетуваат градинка. 

Покрај градинката во Врапчиште која се отвори неодамна, наскоро ќе профункционираат објектите во Зрновце, Прилеп, Чашка, Караслари -Велес, а привршуваат и процедурите за градинките во Маврово Ростуше, Прељубиште, Куманово и Кавадарци. Во текот на 2018 година ќе се изгради или адаптира соодветен простор за предучилишни установи и во Кривогаштани, Чешиново - Облешево, Чучер Сандево, Горобинци, Кравари-Битола, Марена-Кавадарци, Конче, Валандово, Пробиштип, но и во други места низ државата за кои што општините ќе подготват соодветни проекти.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }