Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека: „Ташевска-Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост“

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика објавените  текстови по втор пат оваа година ги смета за уште една партиски осмислена груба лага и манипулација со најранливата категорија на лица во Република Македонија – лицата со попреченост.

Министерката Ташевска-Ременски, ниту попречила проекти на МТСП во интерес на граѓаните на Република Македонија, а најмалку на децата со попреченост. Напротив, прави максимални напори тие дословно да се реализираат и да престане партиската пропаганда со лицата со попреченост и нивна злоупотреба во цели кои се во интерес на грст манипулатори.

До Владата на Република Македонија, во мандатот на министерката Ташевска-Ременски почнувајќи од 2.2.2016 година, заклучно со август 2016 година, уредно е доставена и усвоена информација за прогресот на проектот.

Министерството за труд и социјална политика,  преку ЈУ Завод за социјални дејности –Скопје, како реализатор на проектот до сите центри за социјални работи во Република Македонија достави барање за евидентирање на заинтересирани корисници за  услугата бесплатна рехабилитација и рекреација. ЈУ Завод за социјални дејности врз основа на следење на реализацијата и добиени податоци од ЦСР во периодот 28.03-30.03.2016 година информира дека бројот на заинтересирани корисници изнесува 102 деца од 20 Центри за социјална работа.

Од 1.6.2016 година, услугата на бесплатна рехабилитација и рекреација ја искористиле 14 деца со умерена интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

Според добиените информации од ЈУ Завод за социјални дејности, сите претходно евидентирани корисници се откажале од услугата заради различни причини: 

- нарушената здравствена состојба на корисниците или придружникот

- неможност за ослободување на родителот од работното место за 5 дена

- вклученост на корисници во образование

- оддалеченост на установата во која се спроведува услугата од местото на живеење на корисниците

- неможност за обезбедување на придружник поради обврски и грижа за останатите членови на семејството условите во установата во која се спроведува услугата.

Поради намалениот интерес на корисниците, намалување на бројот на пријавени и откажување на услугите од веќе пријавените корисници, Министерството, испрати допис до сите Центри за социјална работа во кој се известуваат да организираат работни средби со родители/старатели/згрижувачи на корисници кои ги исполнуваат критериумите, а не ја искористиле услугата.

Со цел успешно да продолжи проектот и да се обезбеди поголем опфат на корисници на бесплатна рехабилитација и рекреација, реализирани се средби  со претставници од јавните установи и НВО кои работат со лица со Даунов синдром  на кои беа разгледувани можностите за користење на услугата од страна на  лица со интелектуална попреченот и Даунов синдром.                                                                                         

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }