Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Петровиќ од Волково
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството Петровиќ од Волково кое има две деца со посебни потреби.
Ова повеќечлено семејство, односно нивните две деца се корисници на постојана поарична помош и посебен додаток за дете и живеат со скромна сума од околу осум илјади денари бидејќи нивните родители поради секојдневната потреба од грижа за нив се невработени.
До пред една година биле корисници и на правото на социјална парична помош кое им било укинато. Семејството Петровиќ е во секојдневна борба со животните предизвици бидејќи грижата околу двете деца со посебни потреба е оставена само на нив и нивните најблиски без поголема поддршка од институциите. Времето поминато со децата не дозволува еден од родителите да може да најде постојана работа.
Министерката Ташевска-Ременски во топлиот дом на Петровиќ се запозна со нивните предизвици и ги ислуша нивните проблеми со цел да се најдат можности да им се помогне и да им се олесни секојдневието. Радоста на лицата беше голема кога двете деца ги добија количките коишто ги обезбеди Министерството за да можат полесно да функционираат во домот и надвор од него.