Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МТСП и Неформална ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и претставниците на Неформалната ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува  соработката помеѓу Министерството за труд и социјална плитика и Неформална ИРИС МК, мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија, координирана од страна на Здружение за студенти и младинци со хендикеп, со цел преземање на заеднички активности за унапредување на социјалната заштита и подобрување на социјалните услуги во Република Македонија.

Приоритетни цели опфатени со Меморандумот се: унапредување на законската регулатива во областа на социјалната заштита; преземање на заеднички активности за создавање законски основи  за лиценцирање на граѓанскиот сектор кои се даватели на социјални услуги; спроведување на истражувања и анализи за степенот на исполнетост на регулативата и јавните политики насочени кон унапредување на социјалната заштита; поддршка и заедничка координација при реализација на проектот “ Подобрување на квалитетот на социјалните услуги на граѓанските организации во Југоисточна Европа“, (спроведуван од страна на Здружение на студенти и младинци со хендикеп), а во согласност со европското законодавство, домашната законска регулатива и подзаконските акти; унапредување на  правата на лицата во социјален ризик; како и идентификување на можни решенија за заедничките проблеми, преку координирани активности во рамки на мрежата и МТСП.

Во неформалната мрежа за унапредување на социјалните услуги во Република Македонија ,, Ирис МК” членуваат 15 граѓански организации кои се даватели на социјални  услуги.

На денешното потпишување присутни беа потпретседателката на Здружението на студенти и младинци со хендикеп Сузана Најдовска-Георгиевска,  Сашко Јованов од Здружение ,,Хуманост” и Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива” кои ја искористија можноста да ја запознаат министерката Ташевска-Ременски со сите проблеми и предизвици со коишто се соочуваат членките на неформалната мрежа ,, Ирис МК”.

 
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }