Реакција на министерката Ташевска-Ременски на оддржаната прес-конференцијата на Живко Митревски

Почитувани, 

Министерството за труд и социјална политика согласно со своите институционални надлежности има законска обврска да го воспоставува и негува социјалниот дијалог.

Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите.

Оваа најава за кривична пријава е основно непознавање на синдикалните акти и целокупната постапка од страна на првиот синдикалец. За негово потсетување, истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице.

Сето ова зборува за очајниот обид за партиска мобилизација на сите одговорни лица од кои во иднина ќе се побара одговорност за финансиското работење, начинот на застапување на правата на работниците во Република Македонија и целокупното партизирање и рушење на концептот на синдикално организирање.

Министерството за труд и социјална политика како и досега  е отворено за соработка со сите надлежни институции во интерес на вистината, наспроти манипулациите.

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }