Реакција на МТСП на изјавата на министерот за финансии Кирил Миноски во врска со декемвриското покачување на пензиите за 5%

Почитувани,

Продолжува политичкото лицемерие на власта кон пензионерите!

Без да им се каже вистината, министерот за финансии Кирил Миноски на средби со пензионерите покачувањето на декемвриската пензија од 5% го прикажува како партиски подарок за пензионерите.

Но, заборава да им каже на пензионерите дека со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го направија во октомври 2015 година, токму тие ја ставија вон сила законската одредба и обврска на државата за задолжително усогласување на пензиите два пати во годината - на 1 јануари и 1 јули во 2016 година.

Со овие измени се воведе основ усогласувањето на пензиите да се врши еднаш во 2016 година во висина од 5% линеарно за сите корисници на пензија во еднаков износ и тоа со исплата на септемвриската пензија во октомври 2016 година.

Но, во јули 2016 година повторно се измени ова законско решение и се утврди усогласувањето на пензиите наместо со септемвриска исплата да се изврши со ноемвриската исплата на пензии во декември 2016 година, што беше претставено како партиски подарок од Никола Груевски за пензионерите, а не како законска обврска.

Со ваквото линерано усогласување на пензиите што се примени во 2014, 2015 и 2016 година, 300 илјади пензионери не го добија реалното зголемување на личната пензија, туку им се исплати фиксен износ на усогласување.

Усогласувањето на пензиите кое беше дефинирано со членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, овозможуваше усогласување, односно зголемување на пензиите според порастот на платите и порастот на трошоците на живот и тоа два пати годишно. Со ова законско решение секоја пензија требаше засебно да добие усогласување два пати годишно со цел зачувување на вредноста на пензијата. Наместо фалбите, Кирил Миноски треба да им одговори на пензионерите зошто години наназад не го извршуваа двојното усогласување на пензиите и зошто секое усогласување го претставуваат како партиски подарок од Никола Груевски, а не како законска обврска на сите претходни и идни влади.

Со новите решенија за усогласување на пензиите се нарушува еднаквоста во примена на формулата за усогалсување на пензиите, како и  наместо два пати годишно пензиите да се усогласуваат еднаш годишно.

Правото на пензија не е подарок од државата, бидејќи пензијата се пресметува од остварените плати на секој осигуреник и остварениот стаж. Нејзиното усогласување не треба и не смее да биде подарок од државата, туку зачувување на вредноста на пензијата согалсно со порастот на платите и трошоците на живот.

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }