11.11.2016

Реакција на обвинувањата на МТСП на објавите под наслов „Националниот сојуз на слепи обвинува за притисоци од министерката Ташевска-Ременски“


Државната комисија за спречување на корупцијата со Допис бр. 12-2073/1 од 21.08.2015 година, Допис бр. 12-1475/1 од 15.04.2016 година и Допис бр. 12-1475/2 од 07.10.2016 година до Министерството за труд и социјална политика како орган надлежен за надзор над примената на Закон за инвалидски организации, достави барања/ургенции за ИТНО постапување на Министерството по пријава/предмет по кој постапува ДКСК за злоупотреба на финансиските средства на Сојузот, скратувајќи ја помошта на државата за членовите на Сојузот, суспендирање на органите на Сојузот и други видови незаконитости.

Во контекст на барањето на ДКСП, до Министерството исто така, пристигнаа две дополнителни пријави од општински здруженија членки на Националниот сојуз на слепи и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, во кои со документи се потврдува дека, Националниот сојуз на слепи и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица не ја исполнуваат својата законска обврска за префрлање на финансиски средства до членките на сојузите.

Имено, МТСП секој месец на сметката на Националниот сојуз на слепи префрлува 1.021.166,00 денари, односно заклучно со 07.11.2016 година МТСП на Националниот сојуз на слепи префрлило вкупно 10.711.660,00 денари, односно 9.135.000,00 денари на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица. Заради горенаведените укажувања за злоупотреба на финансиските средства и други незаконитости, Комисија формирана од министерот во два обида за надзор сериозно е попречувана од раководството на Националниот сојуз на слепи да изврши надзор и да одговори на барањето на ДКСК и на самото министерство, без релевантни аргументи, а со груби навреди кон министерството и надлежните органи. Соочени со обврската да се даде отчет и одговорноста за работењето и пријавите од нивните членки, со груби невистини и клевети изнесени во класично партиско соопштение кое за нивна одбрана очигледно го подготвил друг, Националниот сојуз на слепите сериозно го наруши сопствениот углед и угледот на сите слепи лица во Република Македонија што ги претставува.

Министерството за труд и социјална политика за невистините и клеветите изнесени во партиското соопштение на НССРМ и за попречување на должниот надзор, согласно со закон ќе ги преземе сите неопходни чекори за утврдување на одговорност и  заштита на правата на општинските членки на НССРМ и на сите слепи лица во РМ.

Хендикепот не смее да биде злоупотребуван од никого!

Со почит,
Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }