Ташевска-Ременски: 134 починати лица од Тетово и тетовско и по нивната смрт примале паричен надоместок за помош и нега од друго лице

Мнистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски инмформираше дека по претходно добиени сознанија и докази за злоупотреби и незаконитости во работењето продолжила праксата за вршење на редовни и вонредни контроли врз Центрите за социјална работа. 

,,Со решение формирав шестчлена Комисија за инспекциски надзор која изврши и врши надзор во неколку Центри за социјални работи во Република Македонија. Комисијата, во периодот од 5.10.2017 година до 14.11.2016 година, заради обемноста и сложеноста на материјалот спроведе вонреден инспекциски надзор во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Тетово во траење од шест работни дена. Комисијата во овој период прегледа 234 предмети, од кои 194 предмети на корисници на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице или познато како право на туѓа нега”, информираше министерката Ташевска-Ременски.

Врз основа на извршениот увид во списите, актите и документите во предметите на корисниците на правото на туѓа нега, списите на уплатници за исплата на правото на надоместокот и известување од Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги утврдено е дека за 134 починати лица од Тетово и тетовско и по нивната смрт се исплаќал паричниот надоместок за помош и нега од друго лице.

,,Центарот за социјални работи во Тетово не постапил по службена должност како законска обврска од член 181 став 1, член 189 став 2, член 191 и членовите од 209 до 213 од Законот за социјална заштита, а со тоа не ја утврдил настанатаа промена во условите за користење на правото на надоместок за нега од дтруго лице. Поради ова, Центарот и по престанокот на условите за стекнување на правото – настаната смрт не донел решение за престанок на користењето на правото што довело до неосновано користење на правото и неоснована исплата на средства по смртта на корисниците. Исто така, Центарот и покрај тоа што имал сознане дека престанале условите за користење на правото на туѓа нега – настаната смрт, за што постојат вратени уплатници за исплата дека лицето е починато, не обезбедил доказ по службена должност од матичната книга на умрени и не повел постапка за донесување на решение за престанок на правото на паричен надомест за нега од друго лице. Има и случаи кога Центарот бил известен за настанатата промена, односно дека корисникот е починат, не водел постапка за донеување на решение за престанок на правото на туѓа нега. Ваквата состојба е констатира во 134 предмети, односно за утврдени 134 починати лица од Тетово и тетовско и по нивната смрт се вршела неоснована исплата на средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика”, информираше министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и додаде:

,,Поради вакво постапување извршена е неоснована исплата на 1.818.996 денари или близу 30 илјади евра. Дополнително, утврдивме дека, тројца од 134-те починати лица за кои продолжило правото на туѓа нега и по нивната смрт, денес сеуште фигурираат во Избирачкиот список, за што навремено ќе ги известиме МВР и ДИК”.

Таа вети дека како министер кој продолжува да се грижи за законитоста во работењето на јавните установи за социјална заштита и на министерството ќе ги преземе сите неопходни мерки за уврдување на одговорност  преку соодветни пријави до надлежните инстиуции и преку воспоставен систем на контрола, особено во овој период.

Исто така вети и дека со јавноста ќе бидат споделени сите утврдени незаконитости.

,,Јавноста мора да дознае, како се злоупотребувале личните податоци на граѓаните, како се уништувала документација заради прикривање на финансиски злоупотреби, како фиктивно и реално се делеле решенија како изборно ветување, со други зборови кажано  - колкава била негрижата за чесното работење на одговорните за тоа. Во моментот МТСП води повеќе внатрешни постапки за утврдување на ваков тип на злоупотреби, независно од постапките кои ги води СЈО со кое соработуваме во интерес на вистината и заштита на интересите на граѓените”, рече Ташевска-Ременски.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }