Ташевска–Ременски ги прими танчерите од студиото ,,Dancerc United MK” кои освоија шесто место на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски прими делегација од танчерската група ,,Dancers United MK” која неодамна беше на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби што се одржа во Грац, Австрија.

Дарко, Александар, Ена, Јулијана, Оливер, Моника и Христијан беше нашата репрезентација од студиото ,,Dancers United MK” која што го освои шестото место на ова светско првенство и застана во редот на 10-те најдобри светски клубови во модерен танц за лица со посебни потреби. 

Инаку, Министерството за труд и социјална политика склучи договор за спонзорство со ,,Dancers United MK”  со кој беа покриени најголемиот дел од финансиските потреби на танцовата група со Даунов синдром и во знак на благодарност за големата поддршка што ја добија на министерката Ташевска-Ременски од студиото ,,Dancers United MK” и врачија Благодарница. 

,,Оваа Благодарница ми е посебно драга и таа ќе има посебно место во мојот кабинет бидејќи грижата за граѓаните,  особено за потребите на лицата на кои нашата помош и нашата подадена рака им е неопходна,  претставува сериозна должност и обврска ”, изјави во оваа прилика министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Воедно, средбата беше можност заедно со раководителот на танчерската група и со дел од родителите да поразговараат и за идните форми на соработка и поддршка коишпто може да ги даде Министерството за труд и социјална политика со цел поголема вклученост и социјализација на оваа група на деца со посебни потреби. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }