Ташевска-Ременски на одбележувањето на 15 години од формирањето на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски присуствуваше на свечената седница по повод 15 години од формирањето на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија.
На свечената седница присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија, претседатели на слични здруженијата од соседните земји, претставници од локалната самоуправа и организациите со кои Здружението соработува. Беше истканато дека ветераните и резервистите од одбраната и безбедноста на Република Македонија, како мултиетничка, патриотска и родољубива невладина организација останува во нераскинлива врска со припадниците на армијата и полицијата, како еден од столбовите врз кои се потпира интегритетот.