Ташевска-Ременски: ,,Она што НССРМ го нарекува притисок е контрола врз нивната работа за која согласно со Закон  МТСП има надлежност”                                            

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски во целост ги отфрли континуираните обвинувања од страна на Националниот сојузот на слепите лица на Република Македонија (НССРМ) дека им се врши притисок и уште еднаш пред јавноста објасни дека она што Националниот сојуз го смета за притисок е всушност само барање за постапување доставено од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.           

,,Министерството за труд и социјална политика согласно со своите надлежности кои произлегуваат од Законот за инвалидски организации и согласно со обврската и правото за надзор над финансиското работење на Националниот сојузот на слепите лица на Република Македонија (НССРМ), постапува по неколку иницијативи на општинските здруженија на НССРМ и по 4 ургенции на Државната комисија за спречување на корупција, заради отворен предмет за злоупотреба на финансиски средства, нестатутарно работење и други неправилности”, рече министерката Ташевска-Ременски.

Таа појасни дека МТСП секој месец на сметката на Националниот сојуз на слепи префрлува 1.021.166,00 денари, односно заклучно со 7.11.2016 година МТСП на Националниот сојуз на слепи префрлило вкупно 10.711.660,00 денари, односно 9.135.000,00 денари на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.

,,Поради горенаведените укажувања за злоупотреба на финансиските средства и други незаконитости, Комисија формирана од министерот во неколку наврати се обиде да изврши надзор при што беше сериозно попречувана од раководството на Националниот сојуз на слепи да изврши надзор и да одговори на барањето на ДКСК и на самото министерство, без релевантни аргументи, а со груби навреди кон министерството и надлежните органи. Последниот ваков обид беше токму денеска по што потоа излегоа со прес конференција обвинувајќи не дека вршиме притисок”, информираше министерката.

Министерството за труд и социјална политика и покрај сите невистини и клевети изнесени од страна на раководството на НССРМ, како и покрај сите попречување за извршување на надзорот ќе најде начин да го изврши надзорот согласно со Закон и ќе ги преземе сите неопходни чекори за утврдување на одговорност и заштита на правата на општинските членки на НССРМ и на сите слепи лица во РМ.

,,НССРМ до Министерството за труд и социјална политика не доставило никакви документи кои се барани во неколкуте надзори од страна на Mинистерството кои беа спречени лично од претседателот на НССРМ. Во неможност да се потврдат уверувањата за законско работење или да се потврдат пријавите за незаконско финансиско работење на НССРМ, поради спречување на надзорите, реакциите на претседателот не можат да претставуваат аргументи за некаков измислен притисок, ниту пак за лагите дека биле барани информации коиште не се предмет на надзорот. Повторно напоменуваме дека, хендикепот не смее да биде злоупотребуван од никого!”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }