Мирното решавање на работните спорови пред предизвик

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Антонио Грациози се обратија на Регионалната конференција посветена на ефективните механизми за мирно решавање на работните спорови. Конференцијата се организира во рамки на проектот ,,Унапредување на социјалниот дијалог”, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.  

Министерката Ташевска-Ременски во своето обраќање подвлече дека релативно новиот механизам за мирно решавање на работните спорови, во Република Македонија е воспоставен како резултат на потребата од алтернативен начин за решавање на споровите од работен однос, со цел да се намали обемот на судски спорови од овој тип, а со тоа да им се овозможи на засегнатите страни подостапен, без трошоци, поефективен механизам за решавање на работните спорови.

,,Овој механизам, за прв пат е воспоставен со правна рамка во 2007 година со донесување на посебен Закон за мирно решавање на работни спорови, чија имплементација е започната дури во 2014 година со суштинско ревидирање на постојниот Закон, каде со усвоените измени и дополнувања се отвори патот за функционирање на механизмот. За целите на имплементација на механизмот за мирно решавање на работни спорови, од 2014 година до денес со експертска помош од МОТ донесени се потребните подзаконски акти, два Правилници и Тарифник за надоместок на помирувачи и арбитри, како и соодветна Наставна програма, со што реализирани вкупно 6 обуки на кои се обучени 90 лица за помирувачи и арбитри, а исто така, воспоставен е Регистар на помирувачи и арбитри каде во моментов се евидентирани 41 лице со лиценца за помирувач и арбитер”, ги информираше министерката Ташевска-Ременски учесниците на регионалната конференција.

Таа дополни дека овој механизам предвидува решавање на два вида на спорови, колективен работен спор, помеѓу страни на колективен договор, каде преку употреба на овој механизам значително би се влијаело на подобрувањето на бипартитниот социјален дијалог и индивидуален работен спор, помеѓу работник и работодавач, со чие решавање на овој начин, би се одговорило на влијанијата од моменталната состојба на пазарот на трудот, каде меѓу другото, големата неусогласеност на понудата и побарувачката на работна сила го отежнува процесот на остварувањето на права од работен однос.

,,Од суштинско значење за овој начин на решавање на работни спорови е тоа што постапката е водена од трета неутрална страна, односно помирувач или арбитер во зависност од видот на спорот, кој врз основа на принципите на независност, непристрасност и доверливост ги доближува ставовите на страните и ги води кон постигнување на заедничка спогодба односно решение за нивниот спор”, изјави Ташевска-Ременски.

За целите на функционалноста на овој механизам превземени се бројни активности за негова промоција, меѓу кои и медиумска кампања со што очекуваме овој механизам во иднина да ги оправда очекувањата, а краткиот период на заживување и функционирање на истиот, во иднина би требало да ги обезбеди и насоките за негово подобрување.

,,Во изминативе три години доминантни се претставките за прекршување на работничките права што доволно говори колкава е довербата на работниците во работодавачите, судството и колку самите работници се запознаени со алетрнативните начини на решавање на нивните спорови. Факт е дека работничките права посотојано се прекршуваат и бројните изнеми на законите одат на штета на работниците”, подлече министерката Ташевска-Ременски. 

Според неа токму оваа Конференција ќе биде можност за споделување на позитивните искуства од регионот, пред се од земјите во кои функционира ваков механизам не уверуваат дека истиот ќе си го заземе своето место и во Република Македонија како значајна алатка за унапредување на работните односи и подобрување на условите за работа.             

Учесници на конференцијата се претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора. Целта е размена на практични искуства меѓу земјите од регионот и од Европската Унија (Бугарија, Ирска, Романија, Унгарија) за воспоставувањето, организирањето и функционирањето на механизмот. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }