Средба на Ташевска-Ременски со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Ingibjorg Solrun Gisladottir. 

На средбата беше разговарано на повеќе заеднички теми како што се можностите за идни соработки во доменот на еднаквите можности, за искористувањето на ИПА фондовите кои стојата на располагање на Република Македонија со цел јакнење на капацитетите и механизмите кои работат на прашањето на родовата еднаквост како на национално така и на локално ниво. Беше истакната и важноста на родово одговорното буџетирање. 

Двете соговорнички се задржаа на прашањата поврзани со размената на добрите практики и искуства,  како и јакнење на соработката помеѓу земјите кандидатки за влез во Европската унија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }