Предлог Законот помина на владина седница, до 100 евра субвенции за повисоки плати

На вчерашната 158 седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог - законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Целта на ова законско решение е да се поттикне растот на плати во РСМ, а истовремено да се овозможи поддршка за покачување на платите на работодавачите од приватниот сектор. Со него се овозможува уплата на придонеси од Буџетот на РСМ во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

Со овие средства ќе се субвенционираат до 100 евра придонесите од задолжително социјално осигурување во случаи на исплата на повисока плата. Притоа, осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Предлог – законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата беше донесен во консултација со сите засегнати страни, со цел да се земат предвид нивните потреби, да се подобри животниот стандард и да се поттикне економскиот раст во Република Северна Македонија. 

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }