Јавен повик
Проектот за подобрување на социјалните услуги
Министерството за труд и социјална политика започна со имплементација на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Кредит Бр: 8902 –МК ).
Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални надоместоци и услуги. Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно so потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.
Повеќе информации и формуларите за аплицирање ги има на следниот линк:
Јавен повик до Општините и Oпштините во Градот Скопје/потенцијални даватели на услуги во Република Северна Македонија за аплицирање за финансирање на проект за развој на социјални услуги (ALB)