Царовска на роденденска прослава на дете од семејство засолнето во Шелтер центар во Кочани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани,  каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Од страна на стручниот тим, министерката детално беше информирана за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за истиот.

Шелтерот во Кочани е еден од вкупно четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе. До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство.

Министерството за труд и социјална политика  посветено работи на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство. Истовремено, МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од овие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }