Царовска од Белград: Земјата напредува онолку колку што се подобрува квалитетот на животот на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на регионална конференција „Иднината на државите на благостојба на Западен Балкан“ во организација на Центарот за социјална политика од Белград.

Во нејзиното обраќање истакна дека основна заложба на оваа Влада е да овозможи подобри услови за живот за сите граѓани. „Мора да ги намалиме разликите, мора да се избориме со сиромаштијата и мора да ги подобриме јавните услуги. Само со обезбедување на добри услови за живот, достоинствен приход и квалитетни услуги, може да се надеваме на одржлив развој.“ – изјави Царовска.

Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика веќе започнаа низа реформи и мерки во оваа насока. Покачување на минималната плата, минималниот загарантиран приход и новиот закон за социјална заштита, се само дел од досегашните напори за подигнување на квалитетот на животот за сите граѓани.

На конференцијата присуствуваа повеќе 200 учесници од Западен Балкан и ЕУ, кои дискутираа за подобрување на благостојбата и правото на достоинствен живот на сите.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }