МТСП: Отворен реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле

Министерката за труд и социјална политика денеска присуствуваше на отворањето на   реновираниот  Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле. Реновирањето е плод на заедничка соработка помеѓу  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус„ и ЈУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје. Во реновирање на центарот во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата со попреченост и советодавна работа со нивните родители, поддршка даде и приватниот сектор. КБ Публикум инвест АД Скопје и Дигит Експрес ММ ДООЕЛ обезбедија дидактички материјали и играчки за децата кои ќе го посетуваат центарот.

Дневниот центар ќе го посетуваат 90 деца и истите ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници, а истиот ќе функционира во две смени од 8:30 до 19 часот.

Соработката помеѓу граѓанскиот сектор и јавните установи во државата во обезбедување на услуги од социјалната заштита се зајакнува. Во иднина ваквиот тип на соработка уште повеќе ќе се поттикнува во насока на овозможување на подобри услуги за граѓаните, како и промовирање на социјалните договори и плурализација на дејноста.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }