Нова градинка во Горно Лисииче, ќе се згрижат 100 деца

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски на заедничка прес-конференција ја најавија изградбата на новата градинка во Општина Аеродром. 

Новата градинка со капацитет за околу 100 деца ќе се гради на местото на некогашната стара спортска сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Градинката ќе чини 16 милиони денари, а ќе биде готова до февруари следната година. Објектот ќе содржи две големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор и тоа на површина од 320 метри квадратни.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информираше дека со Општина Аеродром воспоставиле соработка и потпишале договор за заедничко финансирање на овој објект во Горно Лисиче. Инвестицијата, како што рече, ќе чини околу 16 милиони денари.

“Ова е втора градинка, заедничка инвестиција на Министерството во соработка со општината. На почетокот на 2013 година беше отворена градинката „Сонце“ со капацитет за 200 деца”, потсети Спасов.

Министерот Спасов најави отворање на нови градинки во Скопје и низ државата.

“Од 2013 година досега отворени се 33 објекти кои значително влијаат за зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Оваа година во соработка со општините почнавме изградба на нови објекти во Кисела Вода и во Бутел, а во октомври очекуваме да почне изградбата на нова градинка во Горно Лисиче”, рече Спасов и потсети дека почна изградбата на градинки и во општините Петровец и Илинден.

Во септември, како што најави, ќе се пуштат во употреба градинки во Липково, Сарај, Карбинци и Гостивар, а до крајот на годината уште неколку објекти.

Градоначалникот Коневски истакна дека ова е прва градинка што се гради во Горно Лисиче, а ќе се финансира од буџетите на општина Аеродром и на Министерството за труд и социјална политика.

“Општина Аеродром работи на решавање на проблемот со недостиг на простор за деца. Наредната година очекуваме да ја прошириме постоечката градинка „Срничка“ , т.е. да го дуплираме капацитетот, а во 2017 година тоа планиарме да го направиме со градинката „Буба Мара“ и да го намалиме бројот на деца кои немаат можност да се запишат во градините во нашата општина”, рече Коневски.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }