Заменикот министер Бајрактар на конференција за Програмата на економски реформи 2020-2022

Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар зеде учество на Конференцијата на високо ниво за Програмата на економски реформи 2020-2022 со фокус на Економско–финансиски дијалог со ЕУ – од препораки во реформски мерки.                

Во своето обраќање тој подвлече дека како дел од содржината на економската реформска програма Министерството за труд и социјална политика учествува со три структурни реформи кои се од битно значење за пазарот на трудот и се од голем предизвик за државата, и тоа со: Младинска гаранција, Намалување на неформалната економија и Унапредување на паричните надоместоци во социјалната заштита.

Бајрактар осврнувајќи се на досегашните преземени активности, како и на идните чекори во однос на мерката ,,Младинска гаранција‘‘ рече дека невработеноста е еден од најзначајните долгорочни проблеми со кои се соочува Република Северна Македонија. Таа е присутна кај речиси сите возрасни групи на население, а посебно кај ранливите категории на невработени лица како што се самохрани родители, млади лица 15-29 години, Роми, корисници на социјална помош и сл. Младите лица се соочуваат со низа проблеми за влез на пазарот на трудот како што се: несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби на пазарот на трудот, просечниот период за премин на младите лица од училиште на работа  изнесува 2,5 години, како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Уште поголем проблем претставува големиот број на млади кои не се во образовен процес, не се вработени, ниту се  во процес на обуки, а тоа се околу 130.000 млади лица. 

„Имајќи го во предвид претходно наведеното и со цел да се надмине предизвикот за намалување на стапката на невработеност на младите лица на национално ниво кој во IV квартал од 2018 година изнесува 36%, во 2017 година Владата на Република Северна Македонија се одлучи за еден системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите, а тоа е воведување на Гаранција за млади. Гаранција за млади  е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Северна Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практиканство”, рече заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. 

Гаранцијата за млади во Република Северна Македонија започна да се пилотира во три општини во 2018 година со конкретни активности при што беа вклучени 5.266 лица, од кои 1.916 се вработиле, а 281 лице било вклучено во некоја од активните мерки за вработување кои не водат кон директно вработување, но ја зголемуваат нивната вработливост. Успешноста на Гаранција за млади во 2018 година изнесуваше 41.7%.

Во наредниот период интенција е Гаранцијата за Млади да се имплементира на територија на цела Република Северна Македонија со посебен акцент на најранливите региони на младите од Североисточен, Полошки и Југозападен регион. 

Во однос на намалувањето на неформалната економија Бајрактар рече дека Владата е свесна за комплексноста на прашањето за справување со неформалното вработување од една страна, а намалувањето на неформалната економија претставува клучен чекор во воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување и рамноправни услови за работа и здрава конкуренција, од друга страна, и затоа Владата ова прашање го постави како еден од своите водечки приоритети. 

Во однос на третата мерка ,,Унапредување на паричните надоместоци во социјалната заштита‘‘ заменикот министер рече дека и покрај досегашните обиди за намалувањето на стапките на сиромаштија и социјална исклученост во државата, која е висока во споредба со земјите од регионот, се наметнува неопходна потреба на реформи, меѓу другото и во делот на редизајнирање на видовите и адекватноста на паричните давања во социјалната заштита, како помош и поддршка на најранливите категории на население и справување со сиромаштијата, особено имајќи ја предвид целта на Владата на Република Северна Македонија за намалување на стапката на сиромаштија под 16% во 2020 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }