Грижата и безбедноста на децата пред сѐ

Министерката за труд и социјалјна политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети ЈОУДГ "11 Октомври" Бутел, Скопје, односно работната единица  "Чаир" по пријавата за оштетувања на објектот од земјотресите кои го зафатија скопскиот регион. По направената обиколка на просториите во објектот беше констатирано дека не се работи за конструктивна штета на зградата на градинката, туку за ентериерна штета.

Вработените во министерството одговорни за овие прашања во текот на утрешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид во состјбата на градинката и ќе се изготви план за нејзино санирање. 

Министерката Ташевска-Ременски ги уверува родителите дека Министерството за труд и социјална политика се грижи за безбедноста на нивните деца и дека ќе се отстранат сите пријавени штети од земјотресот што градинките од сите општини на Градот Скопје ќе ги пријават до Министерството за труд и социјална политика.

Дополнително ќе се побара сите одговорни за грижа и нега на децата во градинките да поминат соодветни обука за заштита и помош во случај на природна непогода.               

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }