По повод Меѓународниот ден на глувите и наглуви лица  работна средба на министерката Ташевска-Ременски со Здружението на глуви и наглуви лица на Град Скопје

По повод Меѓународниот ден на глувите и наглуви лица којшто секоја година се одбележува во последната недела од месец септември, денеска (28.9.2016 година) министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со Здружението на глуви и наглуви лица на Град Скопје, кое е членка на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија.

На работната средба се зборуваше за активностите на Здружението на општинско ниво. Од здружението се пожалија на нетранспарентната соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, неговото раководство и начинот на којшто не им се овозможува пристап до права како членови на Националниот Сојуз.

Работењето на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија е регулирано со Законот за инвалидски организации и Законот за употреба на знаковниот јазик во коишто јасно и недвосмислено е утврдена соработката со Министерството за труд и социјална политика.

Со оглед на тоа што Министерството за труд и социјална политика е задолжено да врши надзор на спроведувањето на овие закони, тоа е обврзано да ја следи и работата на Сојузот при спроведувањето на активностите во делот на обезбедување секаква можна помош за лицата со оштетен слух претставени преку нивните здруженија.

Со цел подобрување на комуникацијата и работата на Здружението на глуви и наглуви лица и нивно достојно претставување, се истакна заложбата Министерството за труд и социјална политика да ги отстрани сите прашања кои се јавуваа како проблем во комуникацијата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }