Работниците гласно да ги искажуваат своите барања и да се приклучуват кон гранските синдикати да ги направат посилни

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски во Охрид се обрати на 16 Конгрес на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) при што рече дека и како Министерство за труд и социјална политика и како министер ги поттикнува синдикалните движења.

“И како Министерство за труд и социјална политика и како министер ги поттикнувам синдикалните движења гласно да ги искажуваат барањата на работниците затоа што само така можеме да направиме посреќни вработени, да го обезбедиме нивното работно место со гаранција дека ќе ги подобриме условите за работа и животниот стандард”, рече Ташевска-Ременски.

Таа рече дека како министерка за труд и социјална политика може да ги наброи многуте активности кои министерството ги практикувало во изминатите 10тина години, а кои вклучувале измени во Законот за работните односи; регистрите за синдикатите и работодавачите; политиките поврзани со вработувањето; социјалниот дијалог, како и социјалните партнери; економско-социјалните совети (на локално и национално ниво); непријавената работа; колективните договори и меѓународните конвенции; или пак безбедноста и здравјето при работа.

“Не е за пофалба во врска што министерството ги дозволи 33-те промени во Законот за работните односи од 2006-та година до сега и отсуството од вистински консултации со синдикатите во врска со суштинските промени во организирањето на синдикатите со измените на ЗРО во 2009-тата година – кои морам да потенцирам се и спротивни на Конвенциите на МОТ (Конвенциите 87 и 98). Државата им наметна на социјалните партнери правила како никаде во Европа – сѐ со цел да се контролира и она што според сите конвенции и регулативи треба да биде самостојно – работата на синдикатите.

Сѐ повеќе и повеќе работници ни укажуваат дека нема РЕАЛНИ нови вработувања – стапката на невработеност вештачки се намалува, а прекувремената работа ниту се регистрира, а ниту се исплаќа согласно so законите и колективните договори. Токму од тие причини не можеме да кажеме дека социјалниот дијалог (кој на хартија постои) е и ФУНКЦИОНАЛЕН –Eкономско-социјалniot совет не е транспарентен, не расправа за сите промени во законите кои ги засегаат работниците, а самите препораки од ЕСС и синдикатите не допираат до пратениците на владејачката коалиција”, рече во своето обараќање пред делагтите на Конгресот министерката Ташевска-Ременски.

Сѐ повеќе и повеќе работници приговараат дека работодавачите не исплаќаат плати согласно со законите и колективните договори, но се запраша како да го поздравиме потпишувањето на колективните договори кога самото потпишување не значи дека истите ќе бидат почитувани, а државата ќе избегнува тоа да го контролира и имплементира!

“Имаме и „слободни-индустриски зони“ во кои работниците немаат можност да добијат Договори за вработување на неопределено време, а со самото тоа им е ОНЕВОЗМОЖЕНО и правото на синдикално организирање? А условите за работа таму? А платите? Oд сите овие претходно наведени причини не можам да кажам дека активностите што се досега преземени не обединуваат сите нас во заеднички процеси при кои ќе дојдеме до подобри услови за работа, повисок стандард и подобра соработка”, констаираше министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Според неа само функционалниот социјален дијалог може да не донесе до заедничката цел и да ги поттикне работниците да се приклучуваат кон гранските синдикати и да ги направат посилни! СИЕР е еден од синдикатите за кои сите се согласни дека ги става работниците пред сѐ!  Како синдикат штрајкувале со своите членови без разлика која партија била на власт; штрајкувале и со своите поранешни работници од фабриките кои се под стечај; штрајкувале/протестирале во периоди кога никои од другите синдикати не се осмелувале да излезат. 

Што се однесува на проблемот на работниците од браншата по однос минималната плата, Ташевска-Ременски рече дека реалните показатели како претставките, извршените инспекциски надзори и изречени мерки од Државниот инспекторат за труд, покажуваат дека Законот за минимална плата се крши од одредени субјекти.

“Идејата на идното социјално-партнерско договарање е токму за зголемување на минималната плата што ќе осигура повисок животен стандард за вработените, а истовремено ќе придонесе за спречување малверзации кога одредени работодавачи зад изговорот за минимална плата не ги исполнуваат и основните обврски кон вработените”, рече таа при што не ја исклучува и можноста во иднина со закон да се гарантира слободата на синдикално организирање на работниците во компаниите од слободните индустриски зони бидејќи тоа е напор на сите синдикати во Македонија, организирањето на работниците и во приватниот сектор е нешто што треба да се поддржи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }