Реакција на Интер-ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности

Изразуваме сериозна загриженост за сексизамот насочен кон министерката за финансии Нина Ангеловска, изразен во медиумите, социјалните мрежи и јавноста.

Особено го осудуваме сексистичкото, деградирачко говорење на политичари кои наместо да бидат активни партнери и да ги поддржуваат жените политичарки, користејќи ги техниките на доминација и двојни стандарди за женската сексуалност, ги исмејуваат, ги омаловажуваат, ги објективизираат и деградираат жените.

Еклатантен пример за кој најостро регираме е изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на чиј говор дел од јавноста реагира како на забавно ток шоу, заборавајќи дека ваквите сексистички, омаловажувачки и неприфатливи настапи оставаат трага и стигма на примитивно однесување.

Го осудуваме секој сексистички говор и говор на омраза кон жените со кој доаѓаат до израз стереотипите и предрасудите во нашето општество, само затоа што жените се „дрзнале и отстапиле од социјалните родови норми кои ги исклучуваат од процесите на носење одлуки“.

Ги повикуваме медиумите, здруженијата на новинари, Советот на етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку своите реакции најостро да ги осудат ваквите настапи, но и да одат чекор напред  - активно да се вклучат во промовирањето на родовата еднаквост.

Ги повикуваме граѓаните и медиумите да ги препознаат и осудат онлајн нападите и сексистичката злоупотреба на социјалните медиуми што влијаат на достоинството на жената.

Истакнуваме, дека  родовата еднаквост е од централно значење за заштитата на човековите права,  функционирањето на демократијата и доброто владеење, почитувањето на владеењето на правото и промовирањето на благосостојбата за сите. Еднаквото уество на жените во јавниот живот значи отстранување на бариерите за учество, промовирање на нивната улога во јавниот живот наместо потенцирање и зацврстување на нивната улога во домот. Сексистичките изјави, прашањата и коментарите кои се поврзани со нивниот род, а не нивната работа ги демотивираат жените, го повредуваат нивното достоинство и имаат за цел да ги засрамат и осудат само поради тоа што се жени.

Бараме, Министерството за образование и наука и останатите надлежни институции активно да започнат со спроведување на програми за унапредување на родовата еднаквост во образованието, со кои ќе се превенираат сексизамот и дискриминацијата на жените во општеството, а кај младите ќе се изградат позитивни, демократски вредности. 

Интер - ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности 

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }