ПРОГРАМА ЗА УСЛОВЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК 


Програма за субвенционирање за  вработување на лица во социјален ризик ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, заедно со Агенцијата за вработување.

 
А. Потенцијални корисници на оваа мерка се следниве евидентирани невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија:

1. Корисници на социјална парична помош 

2. Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа  (корисници  на парична помош 18-26)

3. Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование

4. Членови на семејства корисници на едно од следниве права: Постојана парична помош,и Детски додаток

5. Жртви на семејно насилство  кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

6. Лица кои биле корисници на државна стипендија  во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

7. Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Б. Износот на субвенцијата за плата ќе зависи од изборот на работодавачите за кој од трите модалитети на погодности ќе се одлучат, и тоа:

I. Шест месечна субвенција на бруто плата, со обврска работникот да се задржи дополнителни шест месеци на работаДоколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.

Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 14.900,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.000,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000,00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.Потенцијални корисници на оваа мерка се категориите на лица кои се опфатени во целната група наведена во точката А.

II. Шест месечна субвенција на нето плата, и шеесет месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. (Износот на субвенцијата која ќе се исплаќа за лицата ангажирани преку оваа програма во во периодот од 28.06.2016 година до 28.06.2017 година)

Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износи – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 10.500,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 11.900,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување.

Дополнително од денот на склучување на договорот за вработување .работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во времетраење на 60 месеци за лицата вработени преку оваа програма  согласно Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Службен весник бр.56 од 07.04.2015 година и службен весник бр.118 од 28.06.2016 година), 

Забелешка: Плаќањето на персоналниот данок на доход останува обврска на работодавачот, 

Потенцијални корисници на оваа мерка се следниве категории на лица кои се дел од целната група наведена во точката А:

1. Корисници на социјална парична помош

2. Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа  (корисници  на парична помош 18-26)

3. Жртви на семејно насилство  кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

4. Членови на семејства корисници на едно од следниве права: Постојана парична помош,и Детски додаток, кои истовремено исполнуваат и еден од следниве услови:

• родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето согласно мерката од овој член,

• инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно прописите од пензиското и инвалидското осигурување;

• невработено лице  кое е родител на три или повеќе деца и кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос;

• самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето  немало заснован работен однос;

 III. Шест месечна субвенција на нето плата, и триесет и шест месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход со обврска работникот да се задржи дополнителни дванаесет месеци на работа.(Износот на субвенцијата која ќе се исплаќа за лицата ангажирани преку оваа програма во во периодот од 28.06.2016 година до 28.06.2017 година)

Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износи – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 10.500,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е нето месечна плата од 11.900,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување.

Дополнително од денот на склучување на договорот за вработување.работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход во времетраење на 36 месеци за лицата вработени преку оваа програма  согласно членот 98-д од Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (службен весник бр.56 од 07.04.2015 година и службен весник бр.118 од 28.06.2016 година).

Работодавачот има обврска да ги задржи сите учесници во програмата дополнителни 12 месеци по истекот на 36 месеци од периодот на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход

Потенцијални корисници на оваа мерка се лицата кои ги исполнуваат следниве два услова:

A. Невработени лица до 35 години возраст кои претходно немале засновано работен однос или невработени лица до 35 години возраст кои имале претходно заснован работен однос, но пред вработувањето согласно оваа мерка (член 98-д од Законот за дополнување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ,службен весник бр.56 од 07.04.2015 година) немале заснован работен однос најмалку три месеци

B. Се дел од целната група наведена во точката А

Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци субвенционирано вработување. 

В. Подетални информации и аплицирање

Подетални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување во Република Македонија и на веб страницата www.avrm.gov.mk.

Аплицирањето се врши со пополнување на формулар во меснонадлежиот центар на Агенцијата за вработување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }