Право на постојана парична помош

Право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и материјално необезбедено, кое не може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на други прописи.

Неспособно за работа во Законот за социјална заштита се смета лице:

  • со умерени, тешки и длабоки  пречки во менталниот развој и лице со комбинирани и други пречки во развојот, кое заради степенот на попреченоста не може да се стекне со образование, како и лице со телесна попреченост, поради која е неспособно за работа;
  • лице  душевно заболено и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради која е неспособно за работа;
  • самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител согласно со Законот за семејството до три години возраст на детето;
  • дете без родители и без родителска грижа кое не се штити врз основа на правото на сместување, кое нема приходи по основа на имот и имотни права и не остварува средства по основа на други прописи,  но најмногу до 18 годишна возраст; и
  • лице постаро од 65 години.

Постојаната парична помош се обезбедува за  носителот на правото и друг член на семејството како соуживател на помошта, неспособен за работа. Право на постојана парична помош како соуживател има и дете до навршени 18 години живот или до 26 години живот, ако е на редовно школување.

Висината на  постојаната парична помош изнесува:

  • за носителот на правото 4.306 денари,
  • за носител и  еден соуживател висината на правото  изнесува  6.028 денари и
  • за носител и два или повеќе соуживатели, висината на правото изнесува  8.312 денари.

Висината на правото од ставот 1 алинеја 1 на овој член се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година и претставува висина на правото на постојана парична помош за носителот за наредната година.

Во случај кога порастот на трошоците на живот за претходната година се со негативен предзнак, не се врши усогласување на висината на постојаната парична помош.

Право на постојана парична помош не може да оствари лице кое:

  • може само да се издржува, ако може да остварува приходи со продажба или со давање во закуп на имот кој тој и членовите на неговото семејство не го користат, за задоволување на минимална егзистенција;
  • не побарало издржување од лицето кое е должно да го издржува врз основа на Законот за семејството, освен ако центарот за социјална работа утврди дека лицето кое според Законот е должно да го издржува би останало без минимум средства за егзистенција, пониски од висината на постојаната парична помош утврдена со овој закон;
  • ако има склучен договор за доживотна издршка, а не покренало постапка за раскинување на тој договор и
  • може да обезбеди издржување по друга основа.

Право на постојана парична помош не може да оствари, односно му престанува правото на лице кое дало нецелосни или невистинити податоци за семејната, материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права.

Центарот за социјална работа е должен  да го извести корисникот или неговиот старател за потребата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен за повторна оцена за неспособноста за работа.

Право на постојана парична помош, може да оствари и лице неспособно за работа, кое има имот и кое склучило договор за доживотно издржување со центарот за социјална работа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }