Ташевска-Ременски: Ставревски веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните

Министерката за труд и  социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го повика министерот за финансии Зоран Ставревски веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливата категорија на граѓани на кои овие средства им се единствени месечни примања.

“Еве до каде одат лицемерните политики на Груевски и неговиот кум и министер за финансии Зоран Ставревски!

Пред да стигнат лажните обвинувања и клевети дека министерката Ременски ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика и правата на граѓаните на граѓаните на Република Македонија сакам да им обелоденам кој е главниот кочничар на исплатата на средствата што ги очекуваат од Министерството. И покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата обврски кон граѓаните и други субјекти, од средината на март во трезор во Министерството за финансии стојат нереализирани исплати кон граѓаните и тоа за:

- породилно боледување 195.069.448, 00 денари;

- цивилна инвалидност 6.517.066, 00 денари;

- мобилност и слепило 59.676.000, 00 денари;

- постојана парична помош 30.132.282, 00 денари;

-сместување во згрижувачко семејство 3.313.027, 00 денари;

- парична помош за студирање 4.024.311, 00 денари

- детски додаток 10.291.042, 00 денари

- ЕПП за новороденче 3.562.070, 00 денари

- родителски додаток за трето дете 207.723.161, 00 денари

- родителски додаток за четврто дете 11.729.412, 00 денари

-посебен додаток 35.783.890, 00 денари”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференцијата за медиуми.

Или, како што рече таа, за правата од социјална и детска заштита за месец март има вкупно нереализирани исплати кон граѓаните во висина од 375.051.571,00 денари.

               Ташевска-Ременски уште информираше дека: “Во трезор стојат неисплатени и :

-средствата за заштитните друштва кои вработуваат инвалидизирани лица во висина од 64.402.617,00 денари;

-средства за здравствено осигурување 8.689.231,00 денари;

-средства за бањите кои даваа услуги за бањско климатска рекреација на пензионерите 10.755.722,00 денари;

-паричната помош за граѓаните за опожарени куќи и лекување 240.000, денари, и др. 

Или вкупно неисплатени близу 12 милиони евра”.

             Токму затоа министерката Ташевска-Ременски го повика минстерот Ставревски да ја одблокира исплатата.

“Го повикувам министерот за финансии веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливата категорија на граѓани на кои овие средства им се единствени месечни примања”.

Во врска со распределбата на социјалните станови и обвинувањата коишто деновиве повторно се актуелни, а се насочени на нејзина адреса дека го кочи процесот на потпишување, односно доделување на социјални станови, министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски рече дека е убаво што се отвора и ова прашање бидејќи имаше демант во врска со овие написи коишто беа популарни пред дваесетина дена којшто е објавен и на официјалната веб страна на Министерството за труд и социјална политика, но во контекст, и во светлина на интервјуто на министерот за транспорт и врски за една од телевизиите вчера рече:

“Сакам да ги отфрлам и да ги демантирам сите овие обвинувања коишто доаѓаат на моја сметка, а се однесуваат за некакво блокирање на доделување на социјални станови на ранливи категории на граѓани. Имено, станува збор за следново: По сите спроведени процедури од страна на Mинистерството за транспорт и врски и со помош на логистика и целокупен увид на состојбите  од страна на центрите за социјални работи во изминатиот период е спроведено рангирање врз основа на нивните апликации и софтвер на сите апликати коишто аплицирале за социјални станови. Министерството за труд и социјална политика во делот на таа комисија учествува со двајца претставници и целокупната постапка ја води Министерството за транспорт и врски. По прибраните целокупни документации по внес на сите податоци во  системот и софтверот е направена прелиминарната листа на добитници на социјални станови. Меѓутоа, од сите 76 рангирани во прелиминарната листа на Министерството за транспорт и врски, за министерството било спорно само едно лице коешто е едно од најдобро рангираните лица и на прелиминарната листа и на листата на апликати од Ццентарот за социјални работи во Прилеп којшто припаѓа на категоријата деца без родители и родителска грижа. Од страна на транспорт и врски до Министерството стигна барање да се направи дополнителен увид  во условите во кои што живее ова лице за да се констатира истото што веќе еднаш го констатира Комисијата. И тоа е направено од наша страна и е доставено мислењето до Министерството за транспорт и врски. До денеска, од неразбирливи причини, Министерството за транспорт и врски упорно одбива да ја обезбеди или да ја прогласи за конечна токму таа прелиминарна листа на која што воопшто не е спорно ниту едно лице, па ни лицето на кое што се алудираше. Во тој контекст, ова е уште една манипулација со ранливата категорија на граѓани како што спомнав и во претходното мое кажување. И денеска до министерот за транспорт и врски упатувам јавно барање за извинување по однос на оваа клевета што ја упати до мене и ќе стоиме на нашите заложби Министерството за труд и социјална политика да се грижи подеднакво за сите што се во социјален ризик”. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }