Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Петровски од Синѓелиќ и семејството Зиндели од Чаир 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството Петровски од Синѓелиќ кое има лице со посебни потреби и е корисник на правото за мобилност и паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Петровски секојдневно се соочуваат со предизвиците да се одгледа и негува нивниот син при што желбата да му се создадат сите потребни услови не згаснува. Токму затоа, Министерството за труд и социјална политика помогна нивното дете да добие количка, а министерката вети дека ќе помогне да им се обезбеди материјал за изградба на пристапна рампа за да може нивниот син да биде понезависен и да им се олесни пристапот на сите до нивниот трошен дом. 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети и четворочленото семејство Зендели од Чаир кое исто така има лице со посебни потреби и кое е корисник  на правото на  посебен додаток. 

И нив животот им е секојдневна борба, борба од која не се откажуваат, а за да им се олесни барем малку ова секојдневие и тие добија количка за нивното дете со посебни потреби. 

Министерката Ташевска-Ременски во домовите на Петровски и Зендели се запозна и ги ислуша нивните проблеми со цел да се најдат можности да им се помогне и да им се олесни секојдневието. Радоста на лицата беше голема затоа што добија подадена рака за помош од оние кои се најмногу надлежни да им помогнат-Министерството за труд и социјална политика.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }