,,Зимска бајка” и новогодишни пакетчиња за децата сместени во институции во надлежност на МТСП

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со децата сместени во институции во надлежност на Министерството за труд и социјална политика ја проследија претставата ,,Зимска бајка” која беше овозможена благодарение на актерите и вработените на Театарот за деца и младинци.   

,,Животот на овие дечиња е далеку од бајка. Но, ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца”, изјави министерката Царовска пред почетокот на претставата.

По завршувањето на претставата дечињата од Дедо Мраз добија пакетчиња.

Имено, Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри коишто се под надлежност на Министерство. Пакетчињата беа обезбедени благодарение на Зегин и Дајнерс кои се покровители на сите предновогодишни активности што ги спроведува Министерството и тие беа посочени од министерката Царовска како пример за општествено одговорни компании кои се заинтересирани да вложат во најранливите групи граѓани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }