Министерот Спасов во работна посета на Република Словенија 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е во работна посета на Република Словенија при што оствари средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности, Ања Копач Мрак.


На средбата двајцата министри ставија акцент на системот на вработување на инвалидни лица во Република Словенија, а во  насока на подготовка на нова законска регулатива за вработување на лицата со инвалидност и нивна поголема интеграција во економско-социјалниот живот. Посебен осврт беше ставен на  имплементацијата на квотниот систем на вработување на лица со инвалидност, односно вработување на лица со инвалидност кај работодавачи коишто имааат одреден број на вработени согласно со нивната инвалидност и квалификација.

Беше разговарано за предносите на овој систем, мерките коишто Република Словенија ги презема во насока на приближување на лицата со инвалидност во однос на нивните способности и квалификации за пазарот на труд, работата на посебниот фонд за вработување на лицата со инвалидност, како и даночните поволности за работодавачите коишто вработуваат лица со инвалидност.


На средбата министрите Спасов и Мрак ги потпишаа Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија, како и Административната спогодба за спроведување на истиот. 


Имено, Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија се применува од  април 2001 година. Со овој Договор се овозможува остварување на права од социјално осигурување на граѓаните и членовите на нивните семејства доколку работат или работеле во една или двете држави. Исто така, се остваруваат и права на старосна, семејна и инвалидска пензија, здравствено осигурување за работници и корисници на пензија, како и членовите на нивните семејства, право на паричен надоместок за време на невработеност и право на детски додаток.

Постојните одредби од Договорот во делот на здравствената заштита регулираат можност за лекување на осигуреници од едната држава во другата доколку се работи за итен случај, а не и за планирано лекување. Сега, пак, со измените на Договорот се овозможува заминување на планирано лекување на осигуреникот во случај кога се исцрпени сите можности за лекување во неговата држава.

Постојниот Договор предвидува правото на паричен надоместок за време на невработеност и детски додаток да се исплаќа доколку граѓанинот има постојано живеалиште во Република Словенија. Со измената на  Договорот за социјално осигурување се прецизира дека правото на паричен надоместок за време на невработеност и детски додаток ќе се исплатуваат и доколку лицата имаат привремен престој во државата во која што го стекнале тоа право.
Согласно со Договорот за социјално осигурување во декември 2013 година се исплатени 180 македонски пензии на граѓани коишто живеат во Република Словенија, а во Македонија се исплаќаат 1036 словенечки пензии на македонски граѓани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }