10.1.2014


Проект за доделување на облека за 8000 сиромашни деца 

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Муедин Кахвеџи заедно со директорот на хуманитарната организација „Класје на Добрина“, Руфат Шерифи, го посетија згрижувачкото семејството на Шеназа Дестан од Шуто Оризари каде што моментално се згрижени 5 дечиња без родители и родителска грижа.

Хуманитарната организација „Класје на Добрина“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, планира да додели облека во одредени институции коишто згрижуваат сиромашни деца, деца без родители и родителска грижа и деца со посебни потреби.

Воедно, при посетата го најавија проектот на хуманитарната организација „Класје на Добрина“ во соработка со „Црвената Полумесечина“ од Обидинетите Арапски Емирати со претставништво во Тирана, Република Албанија со кој што е предвидено делење на облека за 8 илјади сиромашни деца и деца без родители и родителска грижа во Република Македонија.

 „Денеска донесовме радост во згрижувачкото семејство на Шеназа Дестан каде што моментално се згрижени 5 дечиња на возраст од 6 до 14 години и во нивно име и благодарам на невладината организација ,,Класје на добрина,, којашто ќе донира облека не само на ова семејство туку на сите згрижувачки семејства и на децата во  Домот за доенчиња во Битола, како и на децата во домот ,,11 октомври,, во Скопје. Овој хуман гест е поттик за наша понатамошна соработка со сите хумани и општествено одговорни субјекти, како и поттик за нас за унапредување на регулативата со цел подобрување на квалитетот на живеење на децата сместени во згрижувачки семејства“ рече Кахвеџи.

Овој проект е дел од кампањата “Облекување на еден милион сиромашни деца низ светот“ спонзориран од страна на Мухамед ибн Рашид Ал Мактум од Обинетите Арапски Емирати и како дел од тој голем проект, за Република Македонија се доделени средства за доделување облека на 8 илјади деца.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }