Разрешувањето на директорите е направено поради неисполнување на законските обврски 

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите информираше дека во понеделникот на 11 Јануари, на 15 директори на Јавни установи – центри и меѓуопштински центри за социјална работа, три Заводи и еден Дом им поделила решенија за разрешување. Причина за ова е неисполнување на законските обврски за поднесување годишен извештај за материјално-финансиско работење до министерот и законската обврска за склучување на менаџерски договор со министерот за труд и социјална политика.

Имено, и покрај тоа што им биле понудени и доставени на потпишување менаџерски договори само пет од вкупно 28 директори ја исполниле својата законска обврска и тие петмина не се меѓу разрешените директори. 

“Разрешувањето на директорите е направено поради неисполнување на законските обврски за поднесување годишен извештај за метеријално-финансиско работење до министерот и законската обврска за склучување на менаџерски договор со министерот за труд и социјална политика. 

Имено, членот 103, став 6 од Законот за социјална заштита предвидува обврска: Министерот со избраниот (член 103 ставот 3) директор склучува менаџерски договор со кој се утврдуваат правата, обврските и одговорностите при вршењето на раководната функција во јавната установа за социјална заштита

.Министерката Ташевска-Ременски рече дека дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов како министер за труд и социјална политика до 11.11.2015 година, направил избор на 28 директори на јавни установи, од кои во 2014 година биле избрани двајца директори, додека во 2015 година вкупно 26 директори.  

“По донесувањето на решенијата за избор на директорите на јавните установи, министерот Диме Спасов и избраните директори биле должни да ја исполнат законската обврска и да склучат менаџерски договор во кои се утврдуваат прават, обврските и одговорностите на директорот. И покрај фактот што текстот на менаџерскиот договор бил изготвен согласно со Закон од Секторот за правни работи во Министерството и бил доставен до министерот за потпис, тогашниот министер не постапил по својата законска обврска, а со тоа го оневозможил исполнувањето на законската обврска и на избраните директори. 

Со ова кршење на Законот за социјална заштита, со непостапувањето на министерот и со свесното пропуштање на извршувањето на неговата законски утврдена обврска тој сторил кривично дело несовесно работење во службата”.Ова е причината поради која министерката за труд и социјална политика д-р Фросина ташевкса-Ременски поднесе и втора кривична пријава против Спасов.  

“За ова свесно непостапување, на 11 јануари до Основното јавно обвинителство- Скопје ја поднесов втората кривична пријава против дополнителниот заменик Диме Спасов. Наместо да се затскрива зад разрешените директори и наместо да покажува лажно душегрижништво, Диме Спасов да им одговори на разрешените директори:

1. Зошто избра да се стави над законот и одлучи да не ја изполни законската обврска и да склучи менаџерски договор со нив во времето кога ги избрал – одкомври и декември 2014 година и јануари и октомври 2015 година?

2. Зошто ги доведе во заблуда сега веќе разрешените директори, со објаснувањето дека склучувањето на менаџерскиот договор не е негова и нивна законска обврска, туку прашање на слободна воља?

3. Зошто партиски ја координираше непослушноста на директорите кон министерот за труд и социјална политика кој упорно им ја нудеше можноста да го потпишат менаџерскиот договор, а со тоа да го отстранат неговиот пропуст и да си го обезбедат нивното понатамошно законско работење;

4. Зошто неговото противзаконско постапување се обидува да го прикрие со повикување на одредбите од Законот за Влада,  сугерирајќи им на разрешените директори неиздржаните политички образложенија да ги ставаат во жаблите против решенијата за разрешување?

5. Дали ова не е уште една потврда за партиската битка која Диме Спасов се обидува да ја води преку грбот на разрешените директори?”, рече Ташевска-Ременски и го повика Спасов со факти и докази да одговори. 

”Кога Диме Спасов со факти и докази на јавноста и на директорите ќе им одговори на овие прашања, на сите ќе им стане јасно дека, тој манипулира, постапил противзаконски и со тоа им нанел штета на сега разрешените директори и овозможил партиската директива за непотпишување на менаџерските договори со овој министер, да биде над законот и над вољата на директорите”, заврши Ташевска-Ременски.

На конференцијата за медиумите одговарајќи на новинарско прашање во врска со случувањата околу нередовната исплата на средства од Фондот за ПИОМ кон приватните пензиски друштва министерката Ташевска-Ременски потенцираше дека на Комисијата која била формирана да ги разгледа сите аспекти не и било дозволено да направи увид во ПИОМ, како и дека оттаму иако било побарано не биле доставени детални податоци од кои би се согледало кои биле причините тоа да се случи, дали неисплатата се провлекувала подолго време. 

“Исплата на 11 милиони евра кон пензиските друштва која се случи деновиве нема да ја избрише обврската зошто се случувало средствата да не се исплаќаат редовно, како и да се провери од кои средства таа е направена токму сега”, рече Ташевска Ременски,Потенцира дека Комисијата која требало да ги провери состојбите во Фондот во иднина ќе ги преземе сите средства да дојде до потребните одговори, вклучително и МАПАС и Министерството за финансии, но и поднесување прекршочни пријави.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }